Ako e se vo red ke ve prati da pravis HSG..a potoa ke gi sledite instrukciite pozitivna misla i nemaj gajle
Штом се е во ред сигурно ќе фати,но доколку не фати од прва би требало да се проверат каналите да се направи хсг. Јас имав успешна инсеминација од прва кај др Михајло Поповиќ во Систина ти го препорачувам.
Во принцип секој би се нафатил да прави,прашање е само колкави се шансите.Реално и медицински,треба подвижноста да е над 25/30% вкупно(брзи+во место подвижни),затоа што спермата се прочистува нели,па треба да останат најквалитетните. Не знам дали дијагнозата ви е само од еден направен спермограм,дали прима терапија...Има доста битни фактори. Како и да е,пробај,секако со предходен совет од лекар. Секако е безболна,и најмалку инвазивна постапка за асистирано оплодување.Ти посакувам успех
Нека поминат 2/3 месеци од терапијата,па направете втор спермограм.Еден не е доволен да се потврди дијагноза.Во меѓувреме обидувајте се секако
Здраво девојки, Сакав да споделам со вас дека наредниот месец одам на инсеминација па со Господ напред По сите извршени испитувања и од моја и од мм страна, не сум испитала пролактин за што ќе одам веќе утре да проверам. Дали имате искуство, ако е покачен пролактинот дали докторот ќе се нафати на инсеминација или ќе чека да се намали вредноста на пролактинот и дали зголемениот пролактин е пречка за забременување. Инаку имаме резултат спермограм - тетраозоспермија, така беше некако, др кажа дека може да се обидеме за инсеминација со таков резултат, па сега здравје ќе видиме што ќе биде. Последнава година се сменив ептен во однесување и веќе до ништо не ми е, ни до шетање ни до друштво, некако се повлеков. Ќе биде се на добро, нека ми е со среќа и на сите вас што сте во иста или слична ситуација.
Зголемена вредност на пролактинот може да е пречка за забременување. Јас го имав тој проблем, но без грижа, со соодветна терапија си доаѓа на нормала за кратко време (после пропишана терапија и дозирање ќе мора да се направи повторна проверка дали е ок), мислам дека ако хормоналниот статус не е во ред нема да може да се прави инсеминација.
Здраво девојки, да ми каже некоја искуство од Плодност Битола, сакам да одам на инсеменација, потребни испитувања пред инсе. и проодност на канали, да ми објасне некоја девојка? 2 год брак, 1 биохемиска бременост
Испитај хормони, пролактин, направи прочистување на канали па наредниот месец ќе можеш ако е се во ред на инсеминација, однеси ги сите и досегашни резултати на гинеколог и ќе ти каже што понатаму.
Потребно е да имаш уреден ПАП тест и уредни микробиолошки анализи, хормонален статус (овие да не се постари од 6 месеци), HSG (Хистеросалпинографија - проверка на проодност на каналите, барем еден треба да е целосно прооден), и спермограм од сопругот.
Здраво #Sweet.girl, јас наредната недела ќе правам инсеминација во Плодност. Испитувања што ти треба да ги правиш се микробиолошки брисеви, испитување на хормони и проодност на каналите но бидеќи си имала еднаш бременост консултирај се дали треба да проверуваш проодност на канали. Твојот сопруг треба да направи спермограм, тоа се испитувањата што јас ги правев освен проодност на канали Кај кој доктор сакаш да ја правиш инсеминацијата? Поздрав
Здраво мила се мислам дали кај Поповски да ја правам инсеминацијата, ти каде кај кој доктор? Ептен сум во мисла, матичната ништо не ми објаснува, незнам дали ќе можам во 1 ден сите хормони да ги испитам, на 3 ден, сакам и проодност да правам сакам се во 1 месец да направам мм нема да биде тука и некако сум во хаос, а сакам бебушок што поскоро да не си останам сама да ми праве друштво
. Јас одам кај доктор Влатко Ѓоргиевски и многу сум задоволна до сега, мислам можиш сите хормони да ги испиташ во еден ден дури јас пролактин и TSH не ги испитував на 3 ден од менструација. Јави се и закажи си преглед кај докторот што сакаш доколку си во можност и да не бидиш во мисла.
Ти благодарам мила, овој трнлив пат е премногу тежок за одење, Господ напомош и одиме. Успешна инсеминација ти посакувам и да не израдуваш со || жар линии