И јас имав као розевко малку ваљда од шприцот кога вбризгувале течност или можда од физиолошкиот раствор што те премачкувале.Не е страшно. А за грчеви јас ги имам од пред инсеминација па до ден денес 6ти ден . Bth,со среќа
@Martka со среќа и успешна да е Розевото ти е јод/раствор,ке имаш само денес,не е страшно. Мене ми е 4ти ден,денес не осеќам ама баш ништо,до вчера имав грчеви и пецкања,и расположението ми беше за нигде,од хормоните што ги примив ваљда и целиот стрес што-како... Ајде ке си броиме заедно,не сме сами
Девојки, дали знаете после колку време доаѓа циклус по прекинување на Кринон?? 3 дена веќе како не ставам и сеуште нема добиено... ми е страв да не ми се изреметило нешто внатре... истотака пиев и естрофем, профитерол и овунорм... . . . . . @Martka и јас имав благо крварење вторава инсеминација иако за првата немав,.. и затоа ми рекоа да пијам 3,4 дена Трицеф (антибиотик) и така... се е океј..не се секирај...
Фала душички само храбро заедно до успех само едино што не сакам е болка и крвче било какво ни капка ама....секој организам различно.Имаче во август мислам да правам ивф и си реков додека чекам да не седам узалуд,па со сопругот рековме да направиме иуи да не ни оди времето а да седиме со скрстени раце.Не се надевам нешто пред ивф ама Господ е голем.Ве гушкам
. . . . . знам Мартка и ја сум иста... тоа пункцијата ја мислам шо како, па анестезијата уште повеќе ја мислам... ама чим сме тргнале нема запирање.... И убаво што си праите и иуи заедно со "домашната задача"... .. со Господ напред!!!
@Бибка04 уште немаш добиено?? Јас во април и си добив дента за добивање .Бета ми беше негативна и одма ми дојде вештерката.
Од прогестеронот може да касни. Јас од прилика една недела по прекин на терапија добивам, без разлика што инаку ми е редовна. Некои добиваат на денот за добивање, а на некои им доцни, зависи од организмот. Важно не е нешто за секирање, не е нешто невообичаено.
Женски како сте денес Јас имам болки,баш се вознемирувачки,не се менструални,поостри се,дури ми се повраќа од што ме боли. 5ти ден после постапка ми е Ке ми почне смената на работа,не знам дали смеам да се напијам таблета за болки..
Мила немам искуство со Ремедика,ама можеш да ги прашаш женските во Вештачко,поупатени сеСо среќа.. @srekice како си,мислам дека утре задутре ти е денот Д? Како се осеќаш И @Martka исто правеше месецов нели.. Гушкам
ОООоооооо ево ме и мене @dunika јас скроз изумив дека правев инсеминација ако ти се верува.Јас имам циклус на 30 дена така да уште цели 4 дена до терминот.Симптоми никакви ,баш ништо не чуствувам ,освен малку поголема желба за ако е тоа нешто Ми останува да ги испијам Дабростанот до петок па ке чекам,тест не праам па здравје ќе видиме. Ти инаку како си? Симптоми некои
Добра сум @srekice јас не заборавив Блазе си ти Мене Петок 13 ми е 14ти ден од постапка,баш е ветувачки нели. Имам боцкања и грчеви повремено,ама тоа го препишувам на Утрогестанот,хормоните си прават збрки. Искрено ептен мали ми се надежите,ретко успева од прва,а и општо не е некоја ептен успешна постапка,ама што е-тука е. Ако ми касни,ке правам тест кога ке ми се припие алкохол