jas pravev vo plodnost vo bitola kaj dr vlatko a citav vo drzavnite e mn poeftino mene me kostase okolu 30000 denari a vo drzavnite insemenacijata e 1700 den
Јас 4 инсеминации правев во Плодност, две кај Д-р Влатко и две кај Д-р Таше ... Сите беа неуспешни за жал! Првите две инсеминации беа по 4 000 ден а вторите две по 9 000 ден ( ги покачија цените, и уште мислам дека се исти ) плус си плаќаш за прегледи и лекарства! За на државно немам искуство ..... баш јас кога ги правев инсеминациите на државно во Битола на правеа, а сега како што слушнав почнале ама незнам сигурно! п.с За Д-р Влатко само најубави зборови ....
Женски, еве и јас да се пожалам, првата инсеминација е неуспешна. денес правев тест и испадна негативен, за жал. А 10 дена ми доцни... Можно ли е да е од утрогестанот што го пиев?
А каде правеше? Ние ќе треба изгледа да правиме, па ме интересира. Многу ретко читам за успех на инсеминацииве и уште од старт сум скептична.
Во ултрамедика правев јас. Всушност, мојата докторка (од кај Коруновски) ми ја правеше инсеминацијата, само ординацијата на ултрамедика ја користат, таква им е соработката. Постапкате е многу кратка, не е ништо страшно. Мене ми е чудно што уште не добивам, а тестот е негативен после 10 дена доцнење.
Тогаш би требало викендов да добиеш. Додека се прима прогестеронската терапија, менструацијата изостанува.
Од тоа што читав овде по форумот, така изгледа ќе биде и кај мене. Јас потајно се надевав дека нема да добијам.
Девојчиња има ли нешто ново на оваа тема? Јас ако не овој, другиот се спремам за инсеминација. Некој со позитивно искуство ако има да сподели ќе ни даде стимул на сите кои планираме
Феминки правев инсеминација пред 12 дена , нестрплива сум , дилемата ми е дали да правам тест или да почекам уште два дена кога календарски треба вештерката да стигне (недај боже) ?! Мислите ли дека тестот ќе покаже точен резултат сега ?
Можно е, ама да не се разочараш ако биде негативен ( зошто е рано). Почекај барем до утре. Дај Боже да се израдуваш, а симптоми имаш некои?
Леле незнам што да ти одговорам дали сугестивно од пуста желба се некои симптоми ми се појавуваат но она што реално го гледам а ми е промена е како никогаш до сега бело прање и постојано чувство на умор и поспаност.. Друго што ме буни е што градите никако не ми реагираат (пред циклус ми се секогаш тврди набрекнати , сега ми се како да штотуку ми завршило.. Незнам што да мислам ... гледам по коментари феминки пишуваат како едноставно знаеле дека се бремени уште на почетокот јас такво чувство немам. Како и да е многу благодарам на коментарчето и да знаеш ќе те послушам и онака трауми имам од тие тестови , непријатели ми се
Уфф ако биде успешна првата инсеминација , ќе ви пишам и тоа секаде каде што е отворена оваа тема .. Знам колку значи да прочиташ искуство плус , јас само тоа барам .. оптимист сум и мора да биде ако не сега со следната или следната , едноставно МОРА !
ЈелаМила - направи ли тест? Јас добив и сега од 3 ден почнувам со кломифен до 7 ден. На 9 ден имам закажано кај Лазаревски и здравје тогаш ќе видиме како ми иде и што е следно. Поздрав за сите кои се спремаат или чекаат резултат. Да даде Господ сите по две || да си видиме
Жени и јас нареден месец ќе правам инсеминација и многу сум позитивно возбудена се надевам се ќе биде во ред. Со среќа на сите