Фала девојки на големата подршка и јас се надевам на позитивен резултат .Ви го посакувам истото со голема истрајност сите да се израдуваме на двете цртички * Thallia пиши ни како ќе поминеш на фоликулометрија утре,само смирено се надевам дека си во добри рацеhug:
Ќе пишам секако, ти благодарам што ме мислиш @Sienna_MK Утре ми е 12ти ден, си зедов и ананас за секој случај, прочитав тука дека е добар за ендометриумот. Ве гушкам сите Еве јас да се пријавам, денес бев на фоликулометрија, 12ти ден а фоликулите 12мм, и лево и десно имам, ама нели стимулирана сум со кломифен па да се надеваме дека ќе пораснат за скоро. Во среда одам пак.
Thallia напиша: ↑ Еве јас да се пријавам, денес бев на фоликулометрија, 12ти ден а фоликулите 12мм, и лево и десно имам, ама нели стимулирана сум со кломифен па да се надеваме дека ќе пораснат за скоро. Во среда одам пак. Па тоа е супер ако си само на кломифен,дефинитивно ќе пораснат и до петок би требало да извршиш инсеминација.Ајде мила само напред па да излезат две цртички и да не израдуваш!!!hug:
Ви благодарам на поддршката @Lavica2016 и @Sienna_MK , навистина многу ми значи. Ендометриумот не го измеривме, се уште било рано бидејќи мали фоликулите, ендометриумот би бил незначителен во оваа фаза. Ајде утре нов update од мене да видиме до кај сме стигнале, искрено и јас се надевам на инсеминација до петок. Сакав да прашам, бидејќи не сум од Скопје а ќе правам на ГАК, дали треба претходно ден-два да одам на преглед (навистина ми е проблем постојано да барам смени и слободни денови од работа), или преглед ми извршуваат пред самата инсеминација. Ќе ги носам сите документи со анализи, се разбира.
Thallia утре е битно да видат до каде стигнале фоликулите и нормално ендометриумот е битен,треба да биде над 6 мм барем на мене така ми рекоа и затоа се дава стимулација и за него да се задебели,мислам дека е битен во секоја фаза,кај мене на ехо кога правев на 21 ден од ментруација беше 8 мм без стимулација,верувај дека е битен!Ако се фоликулите пред прснување ќе ти дадат инекција и би требало инсеминација да ја извршиш во петок.Тогаш ќе одиш на ГАК во соба број 29 каде што бев и јас и може пак ќе ти направат преглед а може и одма ќе одиш на 3 спрат за инсеминација ама ќе мора од доле прво да те пратат.Се зависи од утре каков ќе биде исходот.Пиши ни утре и ти ја пуштаме среќата
@Thallia На ГАК мене не ме прегледуваа пред самата инсеминација. На денот на инсеминацијата заедно отидовме директно со мажот ми горе и тој даде сперма, па ми рекоа по два часа да се вратам. Ми ја вбризгаа спермата, полежав половина час, ми напишаа терапија и си отидов. Утре ќе ти кажат кога следно да дојдеш пак, зависи како си растат фоликулите. Кога ќе се таман, ќе ти кажат кога да одиш на пример кај матичниот за да ти стави Прегнил и според тоа ќе ти кажат кога да одиш за инсеминацијата.
Ви благодарам @Sienna_MK и @0ли Само сакам да не го промашам денот, некако имам чувство дека предолго како да “стоиме во место“, времето поминува, а секој месец нешто излегува непланирано...
Ќе те следат, не се секирај, нема да промашиш. Кога доволно ќе е пораснат фоликулот, ќе одредат ден, тоа од прилика се знае кога треба Следи како што ќе ти речат и не се грижи Чекај си го денот со убава мисла и пуштам среќа успешна да е инсеминацијата!
Дали може да ми кажеш кај кој доктор си била на ГАК,дали еден ти ги следел фоликулите и кој ти дал терапија после инсеминација?Мене ми беше се конфузно,кој одлучува да ти даде терапија и што конкретно? @@Thallia само смирено,ова е дефинитивно процес кој трае и бара максимално внимание и послетеност,но ти го можеш тоа!!!
Хаос беше и кај мене, а прва инсеминација ми беше. На мерење фоликули одев кај д-р Роса и таа ми кажа кога Прегнил и ми закажа инсеминација. Супер е докторката, ептен фина, но не дојде да ми ја направи. Кога отидов кога требаше, ми ја направи кој стаса, врска немам која беше таа што ми ја вбризга. Ама битно ми беше да се направи и не се замарав тогаш за тоа. Терапија мислам на сите иста им даваат: аспирин, утрогестан, вибрамицин (мислам толку). Сите следни инсеминации понатаму ги правев на приватно.
OMG!! Фала ти за одговорот јас ќе одам следниот месец кај Тофовски и него го фалат па ако не бидне ништо и од тоа ќе одам на приватно,таму барем те зима еден и те води
Супер и со убава мисла да си одиш, ајде да нема потреба да одиш на приватно, успешно да биде! Не значи дека ако се оди на приватно дека ќе е успешно. Има многу успешни инсеминации од ГАК, можеби ќе бидеш една од нив
Еве јас после вчерашната фоликулометрија малку разочарана... Фоликулите одвај до 14мм стигнале... Матичниот ми вика можеби ти е од стрес, или нередовна исхрана и сон (а навистина бев хаос со смените оваа недела не знаев кога е ден ни ноќ... ) Се плашам дека нема да биде инсеминација овој месец... Ама ајде да не сум негативна... Во петок ново мерење... Ве гушкам
Ајде не се разочарувај само поспоро растат.Според ова би требало во понеделник да си спремна за инсеминација таман да тргне работата
Ќе има инсеминација, само овој циклус ете ќе биде подолг. Ќе имаш доцна овулација, упорно да одиш на фоликулометрија. Јас за првата инсеминација се изнаодев на прегледи, нешто слично како тебе поспоро ми растеа. Дури на 21 ден од циклус имав овулација и ми ја направија инсеминацијата. Тој месец ми се погоди таков. Нередовни циклуси имаш? На колку дена добиваш?
@Thallia makakvo razocarucanje, se dur rastat ima nadez Jas galam meshko 33ta nedela denes vlagam od takva docna ovulacija. Bez septik mnogu, no ne se otkazavme. Samo pozitivno.
Thallia не се разочарувај и јас мислам дека имаш добра шанса за успешна инсеминација, само така ти се погодило со смените да мора плус и ова да го планираш.Не се секирај само позитивно и ние те подржуваме тука
Девојки од срце ви благодарам за поддршката што ми ја давате, навистина многу ми значи посебно што знам дека и вие минувате или сте минале низ истото. @Sienna_MK @0ли @Lavica2016 @srekice Јас вчера повторно бев на фоликулометрија, беа 16,5мм па бидејќи е викенд, во понеделник пак одам и се надевам тогаш ќе бидат доволно созреани за во вторник да правиме прва инсеминација. Инаку редовни циклуси имам, на 25-27 дена @Sienna_MK како си ти? Како се чувствуваш, имаш некои симптоми? Пред една седмица правеше инсеминација ако не се лажам