Си среќа на прва инсеминација, па да ни се пофалиш со II цртки. Мој совет е да се опуштиш и не мислиш на ништо. Не барај симптоми, шеткај, работи и биди позитивна, но немај огромни очекувања, за да не се разочараш после ако не бидне. Со секој чекор си поблиску до бебе, се најдобро.
Да мила ,јас ја правев мојата на 20 јули и сеуште го пијам естрофемот како што ми кажаа.Бевме активни со мажот ама немам никакви симптоми освен малку подуеност во пределот на јајниците.Јас мислам дека кај мене утнавме уште од старт ама не се откажувам.Треба да ми дојде околу 5 август па после тоа одма ќе ја почнам следната инсеминација додека сум сеуште под дејство на лекови. Мислам дека си на добар пат само што мора добро да се организираш во целиот хаос.Ти ја посакувам целата среќа и пишувај ни
За жал, немам добри вести, поминала овулацијата, фоликулот пукнал, немаше време да се реагира овој циклус Денес бев за земање брисеви, помина важноста на претходните па да не се губи време Ми препиша дупла доза кломифен за нареден циклус па се надевам не сум толкав баксуз и пак викенд да ме трефне Ај да не си кобам сама... Ве гушкам сите
Мила јас сите 3 инсеминации ми се погодуваа сабота и недела.на приватно ги правев и отвараа и од дома доаѓаа за да не го пропуштиме фоликулот. Ти каде правеше?
Мила, овој циклус никаде не правев, во петокот мерев 16,5мм, матичниот вели - рано, одам во понеделник на нова фоликулометрија фоликулот за два дена и созреал и прснал, а сакав на ГАК да правам, прв пат. Матичниот викенд си има, не доаѓа од дома
Iskreno trebal da pretpostavi deka moze d apukne..spored mene u nedelata si trebala da primis pregnyl. Ajde ako ste rabotele ne e bitno so nemase insem. Moze prirodno ke se fati
Штета како се случуваат непредвидени работи а таман мислиш дека оди све по планот.Баш ми е жал што така испаднало.Со тебе сме не се секирај, јас ќе одам во петок да проверам бета преку крв и да прекинам со лекарствата.Те гушкаме Thallia
Мојата втора иуи помина неуспешно за жал, вчера бев на ехо на 5ти ден од менструација. Поради тоа што кломифенот ми ствараше цисти, докторката одлучи на спонтан циклус да се оди да се следат фоликули и на дадено време да се прими само прегнил. Утре правам контрола на пролактинот, па помина и рокот за нова контрола на пап и микробиолошки брисеви, ми рече највеќе ти е до главата и хормоните, вака друго се е во ред и дека морам што повеќе да вежбам и да го растеретам мозокот.
Не мора со Кломифен, следно ќе си направите на природен циклус и можеби ќе биде вистинскиот месец Ајде нов циклус - нова надеж Инаку за вежбањето поддржувам. Вежбам и нема поубава работа. Ем физички ем психички помага, пробај
Жал ми е мила Зошто не пробаш со инекции,јас супер изреагирав на слаба доза Мерионал.Кломифенот ме направи ко балон во стомакот,едвај се оправив. Дај си време колку ти треба,ке биде на овој или оној начин
Ако се има шанса да се направи инсеминација на природен циклус можеби е подобро така да не примаш хормони.Секогаш треба да се надеваш на позитивен резултат.Трета среќа, ајде само напред!!!
Главата горе и само напред, немаме друг избор! Многу е подобро на природен циклус ако фоликулите нормално растат, а и тебе нема да ти се случуваат “турбуленции“... Ајде трета инсеминација - трета среќа!
Фала Тхалиа, фала на сите @Sienna_MK @dunika @Oли Дај Боже да има позитивен резултат без хормонска терапија. Уште да ми е низок и пролактинот резултати после 14 ќе знам. Дуника, за мерионал треба да и спомнам на докторката што ќе каже, до сега не сум го користела. Вторник сум на фоликулометрија па здравје ќе видам како растат без терапија. Поздрав
Ќе растат, ќе видиш, само пробај да се храниш здраво и правилно, редовен сон и вежбање. Кај мене претходниот циклус, без стимулација со кломифен пораснаа до 23мм на 14тиот ден, а овој циклус ги следев на секои два дена, стимулирана со кломифен, беа 16,5мм до 16-17ти ден, нема правило, само верувај. И пишувај ни @Sienna_MK беше на проверка на бета?
Здраво девојки!!! Еве и јас да се приклучам во друштвото на неуспешни инсеминации.Денеска правев тест преку крв и излезе бета 1.1 што значи негативна.Во отпусната ми стоеше да пијам утрогестан 100мг 2 пати на ден и аспирин од 100 мг,претпоставувам дека на секоја од вас ви ја препишуваат истата терапија. Од утрогестанот имав подуеност во јајниците,ми беше тешко особено вчера ,сега се смири бидејќи не го кориастам веќе и чекам да ми дојде.Од понеделник со нов упат до победа! Голема подршка на сите што сте тука, ви посакувам да истраете во мисијата,ама кога знаеш дека не си сам некако полесно се оди по патот.Гушка до сите Мила од кломифенот ми порасна фоликулот на 23 мм 12 ден од менструација само што имав неверојатни жештини од него.Јас искрено не сум за хормонска стимулација бидејќи стварно те пореметуваат ама кога се мора,немаме избор.Сега ќе видиме овој циклус какви ќе бидат
Здраво девојки Завчера бев на ехо, имаше само еден водечки фоликул(може ќе е еден ама вреден :\ ) мислам дека беше од 21мм и затоа веднаш примив прегнил. Вчера помина мојата трета инсеменација, ми рече вчера денес утре односи и сабота контрола, најверојатно ќе следи и дабростон и чекање. Додека ми ја правеше иуи докторката ми рече дека била некоја пред мене на контрола која правела кај неа прва иуи и од прва и се фатило и потврдила бременост, се израдував како за себе. И така бидете ми поздравени и среќно на сите hug: