Трета инсеминација - трета среќа... Сите ќе бидеме во исчекување на добри вести Да се израдуваш со две цртки за две недели
Јас правев на спонтан циклус и од документ ми бараа само негативен резултат од сида,хепатитис мој и на сопругот.Отидов на 13ден од циклус и ме прегледаа во амбуланта и ми дадоа документ и одобрија инсеминација.На дента на инсеминацијата сабајле во 07 30 отворив историја на приземје и потоа на 3 ти спрат сопругот остави материјал во 8 часот.Потоа материјалот го обработуваат и ми кажаа да дојдам околу 11 часот,а дотогаш појадок,кафица...Потоа јас и сопругот сами си го земаме шприцот од просторијата за оставање материјал каде ја даваат стерилна и им ја носам во просторијата за инсеминација на 3 ти спрат.Влегов ми земаа амнеза и потоа ја прават инсеминацијата и лежам едно пола саат и потоа ако треба терапија даваат но мене не ми дадоа ништо.Поздрав и ти посакувам успешна инсеминација.
Ти благодарам. Сега брзо имаш правено? Треба да се носи документи за хсг и пап и микробиолошки ми рекоја мене затоа прашувам...
Да,правев во јули оваа година и ми побараа само негативен сида хепатит друго ништо.Извини каснам со одговорот.Се најубаво
Бев на преглед кај матичната ми даде упат, ми рече да одам на 13 ден од прв ден менструација. Од документи ми рече само негативен од сида и хепатитис за мене и мм.. Ауф ова здравство..
@cinderella5 а знаеш кој ден ти е плоден? До сега те гледала матичната ? Сте следеле овулација. Јас имам циклус на 30 дена и според докторски пресметки и апликации треба да ми е 16ти ден но мене ми е 13ти ден плоден
Најубаво да одиш порано на ГАК и да го прашаш докторот каде што ти гласи упатот што треба да носиш од испитувања. Мене матичниот ме прати да одам кога ќе ми заврши мензис и таму да ми мерат фоликули, да следат како растат, па така одев 3-4 пати на ГАК за прегледи. Од 8 ден од циклус мислам дека почнав да одам. Кога ќе добиеш оди информирај се кај докторот што да донесеш и така ќе си најсигурна што треба.
@srekice @0ли да, знам кога ми се плодни денови и имам следено и кај матична. Ми беше само за документи да прашам. Најдобро да одам до ГАК па таму да правам муабет со докторот. Некој доктор од кој сте задоволни на ГАК да ми препорачате?
Јас и двете инсеминации ги правев на ГАК во јули и август.Прв пат бев кај Милка Трајанова и не сум задоволна од неа а втор пат кај Тофовски и топло ти го препорачувам.Со упат ќе одиш кога ќе добиеш,можеби ќе ти дадат терапија со кломифен а после тоа ќе одиш на следење на фоликули.Битно да ти се паднат работни денови кога треба да правиш инсеминација,мене два пати ми се паѓа во петок точно на 14 ден од ментруација.Со среќа и пиши ни како си поминала....
Девојчиња како сте? Нема ништо,никој не е во постапка? Јас закажав нареден петок фоликулометрија и здравје инсеминација но овој пат без кломифен и инекции.Па здравје трета среќа . Бакмежи *
Здраво феминки и јас се спремам за инсеминација но мене др.ми рече да направам и 5D зошто немам правено до сега. За друго не ми кажа а претходно имам испитано папа тест, хсг, хормони и мм спермограм. Кажете ми дали треба нешто друго... Сега на 17ти одам на 5д а после 25ти дај боже да не добијам одиме со стимулација кломифен па инекција. Поззз до сите Срекиче на државно или на приватно правеше до сега?
@srekice чекам да добијам месецов па ке ти се придружам Овој циклус добив порано,беше Петок,а Пон ми паѓаше трет ден за преглед и стимулации(почеток).Веќе си бев тргнала од раб,па ми се чинеше прекомплицирано да се ослободувам,па како-зошто,се изнервирав и баталив. Сега ке дадам втора шанса на инсеминација,и последна ке биде мислам.Ако не успее,ифв не ми бега.Те гушкам @eci85 и јас сум на 25 за добивање
На приватно во Систина кај Ивановски. @dunika ајде ти држам среќа.И јас станувам скептична со инсеминацииве.Ќе се оди на ин витро така ми личи
Ништо не прашав ни кои документи треба да ги носам со мене за инсеминација? Срекиче колку е во Систина инсеминација?