Во Систина е 10.000 пиша веќе @Lavica2016 . За во систина ми побараа само првиот пат спермограм,брисеви мои и пап тест,хепатит и хив тест за двајцата и толку.
Мене ми бараа за да се види што како, ако се ептен непроодни или лош облик на матка, не даваат гоолеми шанси за инсеминација, додека не се среди работата внатре, сепак се е индивидуално.
Мене ми бараше Лазаревски бидејќи виде некој мал темен дел на матката кој со хсг се покажа дека не постои. И секако за да ти даде процент на шанса колку би успеало во твојот случај. @0ли пази боли хсг Јас на пример паднав во несвест.
Исто и јас се онесвестив, но сето тоа зависи од степенот на толерантност на болка, и каква болка. Јас едвај издржав, други супер поминале, советуваат да се напие апче против болки, јас не се напив.
Прашувам бидејќи многумина не спомнале дека им барале ХСГ. Чудно ми падна бидејќи мене каде и да сум одела, секогаш ми барале и ХСГ. Едит: Имам правено и не ме болеше, само како менструални болки. Апче пиев Кафетин менструал претходно.
Јас не ни изгуглав претходно што е тоа, ми рече дека е како менструална болка ( јас немам менструални болки само половина и гради). Со тим за брза интервенција ме враќаа, мм влезе со се врата внатре во сала циркус. А само требаше да ми понудат нешто против болка ( низок праг на толеранција имам).
Според мене не треба да зависи од ништо ако никогаш не направил пациентот ХСГ. Дури и ако претходно имало некаква бременост, ХСГ треба да е задолжително пред инсеминација. Од кај знае докторот какви се на пример каналите? Или формата на матката?
И мене не ме болеше ХСГ то.Ептен краткотрајна болка,се издржува,ама се е индивидуално. Женски,јас лично не би правела инсеминација без ХСГ,па дури и да не ми побараат.Едноставно,основен предуслов е проодни канали,барем еден.
Здраво до сите,и јас ја направив мојата втора инсеминација ,неуспешно за жал. Сега чекам да ми дојде и да ги обновам папот и брисевите ,ќе правам еден месец пауза па ќе одам на трета среќа Ви посакувам среќа на сите што ќе правите па чекаме убави вести!!!
Мене не ми побара ХСГ бидејќи имам лапароскопија со хистероскопија правено лани во мај.Можеби заради тоа
И мене ми побараа хсг за прва инсеминација, мора да имам испитано а сега натаму како оди постапката ништо не знам во понеделник ќе одам на 5д морало и тоа
Членки на колкава големина на фоликулите примивте прегнил пред инсеминација..моите денес се 18.3 еден а другиот 15.4...а за хцг индивидуално е и јас се онесвестив и лежев 2 саата на интензивна...
Благодарам...значи утре ќе ми каже др кога да примам...а јас се исплашив да не прснат до утре ама рано е...
Во Систина Вчера вечер примив стоп во 23 часот а инсеминацијата ми е за во 12 закажана утре...Фоликулот кој беше доминантен беше 22.4 мм а другиот 12.9 третиот не го видоа во Систина..Дали е во ред тој 22.4 ? Цел месец чекав да се појават фоликули со слаба резерва сум и малку бев загрижена..сега се трудам позитивно да мислам и се надевам ќе видам 2 цртки кои долго ги чекам..на сите ви посакувам бебче