Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инсеминација

Дискусија во 'Бременост' започната од Maarina, 26 декември 2012.

  1. Лаура82

    Лаура82 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    1.807
    Пол:
    Женски
    Мене неколку дена пред инсеминација ми се движеше од 36.1 до 36.3 а на денот кога правев инсеминација измерив 36.8.Сега два дена после тоа 36.6 ми е.Инаку и мене ми е прва и подготвена сум на се иако во себе чувствувам дека ќе видиме две цртки.❤

    Девојки како да се однесувам пп инсеминација гледам да мирувам првиот ден и така нев подуена ама веќе 3 ден ми е и имам за пеглање чистење дајте ми совет
     
    Последна измена од модератор: 22 септември 2018
    На eci85, srekice, 0ли и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.848
    Пол:
    Женски
    Лаура јас се однесував нормално и така ми рече гиникологот и си правев се.Е сега што се однесува до чистењето по дома јас си средував пред инсеминацијата и ивф-то и после на раат до исчекување.Иначе мислам дека можеш све да правиш само да не те заморува многу,да не креваш тешко само умерено,а да пеглаш можеш но ако ти пречи стоењето нека ти помогне некој.Секое добро и ти посакувам успех
     
    На Лаура82 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.535
    Пол:
    Женски
    Ако ти е шубе да стоиш, земи си столче, симни ја даската и со седење пеглај.
     
    На dunika и Лаура82 им се допаѓа ова.
  4. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.203
    Пол:
    Женски
    Jas I na rab odev dodeka gi pravev inseminaciite
     
    На Лаура82 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Мене докторката ми рече да функционирам сосем нормално, да внесувам доволно течности, да не се туширам со многу топла вода и се разбира тешко да не кревам. Јас и на работа одам, работата ми е со движење и стоење, само гледам да не се заморувам премногу.
     
    На Лаура82 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    94.364
    Пол:
    Женски
    Движењето помага секогаш девојки.
    Циркулацијата се подобрува кога сме активни,а со тоа и протокот на крв во матката,што значи правилно вгнездување на ембрионот.

    Некако сите се плашиме после потпомогнато оплодување,и мислиме дека ке е поуспешно ако се лежи.Докторите и науката викаат дека не можеме да и пркосиме на гравитацијата,и дека нема врска дали ке се лежи.
    Тежински оптеретувања,изложеност на лоши надворешни влијанија,и секаков вид на стрес се секако непогодни за секоја потенцијална трудница.
    Позитивна мисла нека не води сите:hug:
     
    На bela.m, јolene, Thallia и 5 други им се допаѓа ова.
  7. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431
    Добровечер феминки... Имам едно прашање до Вас треба да "не" добијам во вторник на 25ти др.ми кажа ако во случај добијам првиот или третиот ден треба да одам за да види дали имам фоликули за да може да ме стимулира со кломифен и после да ја правиме првата инсеминација дали некоја од вас била на таков преглед додека трае циклусот? :(:sweat:
     
  8. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.535
    Пол:
    Женски
    Да и нема гајле :)
    И мене првиот пат ми беше шубе, но видов дека не е страшно. Ќе си се избришеш по прегледот и тоа е тоа.
    Сум одела и на втор и на трет ден од циклус.
     
  9. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431
    Ох леле дојде баба рога чекам да ми се јават да одам утре или задутре. @Оли имаше ли фоликули кај тебе?
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.535
    Пол:
    Женски
    Секогаш има фоликули на трет ден, така ги гледаат антралните фоликули, а еден од нив на нормален циклус ќе стане водечки, а со стимулација со Кломифен може и повеќе да пораснат.
    Не се замарај, како секој преглед е, ќе помине. Јас секогаш прво во вц одам пред прегледот, па веднаш по прегледот пак. Ќе видиш дека нема гајле, веќе кога одам на трет ден не ни го мислам, вообичаено ми е :D
     
    На eci85 и dunika им се допаѓа ова.
  11. Лаура82

    Лаура82 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    1.807
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам нормолно ли е после 6 дена од инсеминација да чувствуам грчеви и слаби болко како пред добивање...а и вчер и денес БТ ми падана пд 36.9 на 36.5 па денес 36.6..@Thallia ти како си ?
     
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.535
    Пол:
    Женски
    Нормални се грчевите :)
    Ќе се качи пак температурата. Од прилика на средина на лутеинска фаза доаѓа до благ пад на температурата, па си се враќа после горе.
     
    На Лаура82 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    И јас чувствувам слаби грчеви одвреме навреме, искрено се трудам да не мислам на тоа дека правев инсеминација и дали ќе биде или не, бавно минуваат овие денови во исчекување па се трудам што повеќе да сум ангажирана и да не мислам на тоа.
    Инаку мене базалната температура деновиве ми е 36.9-37 степени
     
    На Лаура82 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Лаура82

    Лаура82 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    1.807
    Пол:
    Женски
    И јас се трудам да не мислам ама овој пад на БТ и тоа што имам чувство како да во секој момент ќе добијам ме напнува...а многу е рано за да добијам дури и ништо да не биднало.
     
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.535
    Пол:
    Женски
    Не се напнувај, само смирено. Мерев базална континуирано две години, се имам изначитано за базална, а во моментов во овој телефон ги немам графиците од апликација каде што сум внесувала температура како околу 6-7-8 ден по овулација малку паѓа температурата, па за ден-два пак се враќа горе. Најнормално е малку да падне во тој период од лутеинската фаза (деновите по овулацијата до наредното добивање), не се замарај, можеби сега се имплантира ембрионче, не го нервирај :D
    Грчевите може се знак за бременост, не мора да значи дека ќе добиеш.
    Пуштам среќа да не добиеш (fingers)
    Не се нервирај, опушти се и занимавај се со нешто за да не мислиш и за да помине времето побрзо. Земи некоја комедија гледај, читај си книга, нешто прави што ти е убаво :sun:
     
    На eci85, Thallia и Лаура82 им се допаѓа ова.
  16. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431
    Бев вчера на мерење на фоликули на десен имаше 6 на лев 5 од денеска почнувам со кломифен а на 6ти сум на преглед па дај Боже се да си биде како што треба... Позз до сите ве гушкам:hug::l:
     
    На dunika, srekice, 0ли и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Лаура82

    Лаура82 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    1.807
    Пол:
    Женски
    Ти посакувам успех❤
     
    На eci85 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Со среќа и успешно да се заврши :hug:
    Пишувај ни :)
     
    На eci85 и Лаура82 им се допаѓа ова.
  19. Лаура82

    Лаура82 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    1.807
    Пол:
    Женски
    Thallia kako si..?☺
     
  20. Лаура82

    Лаура82 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    1.807
    Пол:
    Женски
    Девојки денес ми е 12 ден од инсеминација и се повеќе сум нестрплива.Вчера имав пак грчеви како за добивање но најмногу ме загрижи што денес БТ ми падна од 37 на 36.8.Сеуште се надевам и сум со позитивни мисли но некоја ако има искуство би било добро да ме охрабри.