Инсеминација правев на ден ма овулација...а мели пред да добијам би требало да опаѓа БТ..прв месец мерам затоа и прашувам...инаку сега пред да го фрлам тестот видов 2 црти и веќе не знам што да мислам ќе почекам уште некој ден па ќе видам
Јас мерам веќе седум години и секогаш, ама секогаш пред да добијам ден, два почнува да паѓа. Само кога бев бремена температурата деновите кога би требало да почне да паѓа остануваше висока, меѓу 36.9 и 37.2. Не знам колку ти е долга лутеалната фаза и дали примаш прогестерон, ама температурата ти е висока. Направи нов тест за два дена ако во меѓувреме не падне и не добиеш. Ако си некоја нестрплива како мене оди утре и тестирај се преку крв.
Ставам кринон...инаку сабајле де будам жива вода испотена и дури си помислив дека не ми паѓа БТ од што ми е топло додека спијам...секако ќе почекам имам кринон до утре вчер ако не добијам до Пон.одам преку крв да проверам.
Само немој да го прекинуваш кринонот додека не се тестираш или евентуално не добиеш. Јас сум приметила дека надворешната температура нема некое влијание на мојата БТ, кога ќе почне да паѓа, колку сака нека е жешко ништо не ја сопира.
@Лаура82 ако немаш направено тест преку крв, Кринон никако да прекинуваш. Кринон (и уште нешто што е прогестерон) се' до проверка, ќе си прикупиш ако немаш веќе. Утре оди преку крв провери бета и ќе знаеш на што си. Се надевам тие две цртки што си ги видела пред да го фрлиш тестот дека се вистински. Уште утре да одиш преку крв да провериш. Така ќе знаеш дали да продолжиш со прогестерон, ќе знаеш на што си. Батали домашни тестови, бета му е мајката. Ајде сабајле те чекаме со висока бета!!! Но прекинување со прогестерон без бета - никако.
Ќе проверам утре бета секако ако не добијам до утре сабајле..а ќе ви пратам и слика пд тестот ..многу ми е чуден тестот
Еве и јас официјално да ја приогласам мојата прва инсеминација за неуспешна..не стигнав ни бета да проверам добив утрово...продолжуваме со битката ☺
Здраво феминки... Денеска бев на фоликулометрија и на двата имам по еден од 18мм утре примам стоп инекција и во понеделник здравје Боже сме на прва инсеминација. Ви посакувам убав ден на сите па се читаме
Фала Ви многу на поддршката Лаурче, Талиа, Оли дај Боже сите да си ги видиме двете цртки. Кај др. Органџиски ќе правам па ке видиме Од твоја уста во Божји уши
Здраво срцки... Сакам да прашам дали пред правење на инсеминација треба да бидам гладна и жедна некои велат дека ни шминка нетреба да имам ВАШЕ искуство?