Немам слушнато такво нешто јас си се дотерав нашминкав сопругот остави материјал па си бевме на појадок па потоа инсеминација..
Помина мојата прва инсеминација сега лежам еден час и си одам. Ништо страшно и многу брза процедура. Сега оставам се во Божји раце. Позз до сите
Здраво јас да се приклучам дека се спремам психички за здравје во Ноември за прва инсеминација,бев кај Ивановски на прв преглед ни даде профертил да пиеме со мм и плус на мене Овунорм ,од испитувањата немав направено за инсулин (затоа што имам полицистични јајници) и витамин Д3 и на мм нов спермограм ,па здравје боже ако не бидне на природно овој месец во ноември се спремаме за инсеминација кај него. Кажете ми ако има некоја искуство за кај Ивановски како поминал ,ми даде рецепти кломифен и другата видив дека се некои инекции ама името не го замапетив реков да не се преоптеретувам со тоа ,ама некако ме фака паника што како ке биде. Ви посакувам на сите да си ги видете тие 2 златни цртички и висока бета
Кај секој е индивидуално ...не се секирај верувај му на докторот и биди позитивна.Јас сум кај него но јас сум со низок амх и затоа на природен циклус пдиме без стимулации..ако и вторава биде неуспешна одам на ин витро.
@Лаура82 @Оли Дај Боже сите да се израдуваме,а знам дека ќе биде тоа забавено но не сме заборавени Господ е со нас на помош да ни е на сите .Кога ќе почнам со стимулација ќе споделам со вас а сега за сега стискам палци за вие што сте во процес
Дај Боже да не дојде вештерката и да не израдуваш. Во случај ако ти дојде затоа ти дал кломифен и прегнил инекција он се пие од 3ти ден на циклус и после тоа се става стоп инекција и нареден ден инсеминација. Ти посакувам да си ги видиш двете цртки без стимулација
@eci85 многу многу среќа со инсеминацијата,прва и последна нека е @Andonia ке ти се придружам и јас со ноемвриска иуи,мене ке ми е втора.Ајде стискам палци и природно да се фати Јас сум малер последниве два циклуси,ми доаѓаше во Петок,со што трет ден кога треба да почнам со боцки и да ми видат антрални паѓаше Недела,а тогаш не работат.Се надевам нареднава ке дојде во почеток на седмица. Оли да каже кога ке одбројуваме за висока Бета кај неа
Рано е, мислам дека почеток на ноември веќе ќе одбројуваме Ако работат во сабота, може и на втор ден да се оди на ехо.
@eci85 со среќа, прва и успешна да биде, па после сите во Труднички да се најдеме @dunika @Andonia И јас ви се придружувам во ноемвриската “сесија“ овој месец ќе паузираме со инсеминација, се консултирав со докторот па така одлучивме дека е најдобро, а и да одморам малку од хормони...
сите заедно во ноември т.е во Декември ќе сме мешковци Господ е голем ќе не награди со новогодишен подарок
Јас ставав кринон и земав и фолна и кардиопирин и премама Инаку јас и овој циклис ќе правам инсеминација и искрено се надевам ќе имам фоликули оти претходниот месец се изнамачив па ако даде Бог да е успешна супер ако не се надевам дека конечно ќе добијам ваучер за да можам да почнам со ин витро
Искуство со Утрогестанот, 8 дена како ги користам вагинално, подуеност, грчеви во цревата и зголемен апетит