Јас месецов треба да одам на инсеминација. Имам измешани чувства. Ме фаќа страв од исходот затоа што многу сакам да излезе се најдобро...
ajde, so sreka... белки кај тебе ке фати од 1ва, само не се премногу надевај, подобро да немаш преголема надеж и да се израдуваш, отколку премногу да се надеваш и разочараш
Ajde kukla21 povleci noga,i ne slusaj nikoj,sekoj organizam si e razlicen...ti posakuvam od se srce od prva da se fati bebusot
сега добро ми оди со кломифенот. Имам уште 2 од 5 апчиња да испијам. Се ставив и на режим со цвекло и ананас. Читав убаво било за ендометриумот. Фала девојчиња за поддршката. Волшебна, читав на инернет еден куп статии и истражувања. Во просек шансите 20% се. Ама некој мора и во оваа статистика да влезе, па зошто не некој од нас
Кукла, со срека на инсеминацијата, пиши како ќе поминеш. Има девојки на кој им успеало и од прва на инсеминација. Јас бев на една, за жал неуспешна, но многу имав надеж дека ќе биди. Дури во тие 14 денови на исчекување се осеќав преубаво, и не се разочарав дека не бидна, сега едвај ја чекам следната. Само да си бидеш опуштена, релаксирана, постапката е многу кратка после тоа одмараш лежиш некој 15 мин до пола час и одиш дома. Се препорачува после инсеминација да сте многу активни ден два после тоа. Кога ќе лежиш таму стави нешто под колковите да биди погоре кренат задникот. Јас ништо од ова не направив бидејќи бев уплашена и неспремна. Немавме ни односи после тоа. Ама сега знам за следната. па стискаме палци да не израдуваш. Еднаш мора да биде, па нека биде сега
А каде правевте инсеминација?Ние почнавме во систина на прегледи па најверојатно наскоро ке правиме инсемимација и ние.
Јас сега за сега сум неутрална. Сигурна сум дека адреналинот ќе почне да ми расте како ќе се ближи денот. Утре сум пак на фоликулиметрија и докторот кажа ќе се договараме што се следните чекори. Јас пиев само кломифен 5 дена. А како тоа нешто да ставам одоздола? Каде правеше ти инсеминација? Јас во систина одам. Петпоставувам дека се што треба ќе има таму.
Плодност Битола кај др. Таше. После тоа изгледа ќе ти дадат вагиналети за ако има оплодување подобро да се вгнезди плодот. Тие се стават 15 дена, и после тоа правиш тест.
одоздола (под газот) се става перниче, за после однос да бидеш поткрената, ајде со среќа утре на фоликулометријата, мој совет кога ќе ти ја вршат инсеминацијата инсистирај „материјалот“ од маж ти да ти го стават со катетар директно во матката, а не во каналите, затоа што обично така прават, и постапката трае неполна една минута, а кај мене баш тоа бил проблемот, што спермата неможе да влезе во матката, затоа и ми беа неуспешни инсеминациите... сега кај тебе може тоа не е проблем, ама во секој случај така е подобро, или барем разговарај со докторот за тоа
Во Систина самата столица е поткрената, не ни можеш да ставиш нешто одоздола Ќе те остават после 10-15 мин да поседиш и толку е работата. Со среќа, јас знам две жени што забременија со инсеминација, па ти посакувам и ти да влезеш во процентот на успешни.
Како тоа во каналите а не во матката?! Зарем е полесно да се дојде до каналите а не до матката? Оплодувањето се случува во каналите, а се вгнездува на ѕидот на матката.
Јас така и очекував. Не дека треба перница да носам со мене?! Ќе видиме што ќе излезе. Прво да видиме уште еднаш денес со фоликулите што ќе биде, па после ќе му ја мислам за другото. Во право си, некој треба да влезе и во процентот на успешност, што па не ние?! Му верувам на Лазаревски - сигурно ќе ми каже се што треба и како треба.
И најбитно е да му веруваш на докторот, и да не мешаш мислења од страна, само ќе се збуниш повеќе. Тргни од тоа - еднаш ќе биде секако, само не се разочарувај ако тоа случајно не бидне од прв пат. Јас си плачев после првата неуспешна инсеминација, после е полесно. Сега сум веќе 6ти месец - верувај и ти ќе успееш, на било кој начин. Лазаревски знае што прави.
Ти се воодушевувам на упорноста! Знам дека 5 пати си правела инсеминација. Мислам дека јас не би можела толку?! Јас веќе го прашав Лазаревски за ивф (приватно), ама рече дека нема потреба одма со толку инванзивна постапка да се оди. А и многу е смирен човекот, ептен ми е супер Фала ти многу!
И мене тој ме убеди... Начелно четвртата ми беше успешна (тоа што не бидна е друга приказна) и затоа и ја правевме петтата... Сега кога гледам наназад и јас си викам дека баш напорен беше патот, но предност секако беше што бев решена и на приватно ивф и не се држев до распоред секој втор месец, туку првите четири наеднаш ги пројдов. Се надевамм нема да дојдеш до толку, инаки и ќе видиш - кога имаш цел и врба, плус осеќаш дека нешто правиш, и на психата и е полесно, одошто ова чекањето претходно.
Кај Дракулевски.Не е специјализиран за стерилитет но ми го кажаа како добар па....како Господ никој не е