Да ама повеќе сакам по 24 оти кај мене по 24 прскаат а и ако немало пункции во Сабота андрологија не работеле па затоа ќе мора утре ...ама еве уште ги чекам да се јават
Во исчекување сум... Ќе бидете први известени Среќно и биди опуштена немисли на ништо...Кога ја правев јас инсеминацијата си лежев 1ч со телефонот во рака и на инстаграм хахаа
Drzime palci za pozitivna beta. Tuku za zadebeluvanje nA endometriumot doktorkata ti dae li da pies nesto?
Не бодејќи последно беше 8 мм Завршив со мојата втора инсеминација со 35 мил по обработка..Ќе чекаме позитивни бети...сакав да ве прашам околу кринонот овде др.ми рече на вечер да го земам а во упатството пишува сабајле..кринонот го купив од Бухарија бидејќи е поефтин..
Ви благодарам на сите за подршката...сите да се израдуваме најбрзо што може...инаку овој пат и не се потресувам многу ..повеќе одмарам ама си функционирам најнормално...ме чуди малку овој месец БТ обочно мерам од 6 :30 до 8:30 ..вчера сабајле во 6 и 30 36 ми неше и после онака си кажав во 8 и 30 ај да видам 36.7 ...денес 36.6 претпоставувам дека овулацијата била вчера вечер ама уште од почеток ми е некако се чудно бидејќи добив со 37 и падна дури на 4 ден циклус
Јас не се замарам и ништо не мерам вчера требаше да дојде баба рога и уште ја нема...може да е од утрогестанот а може и после 9 месеци ке почека да поминат
Ти ја пуштам цела среќа да не дојде баба Рога па да не израдуваш да слушнеме убав крај на една инсеминација
Фала ти многу Лаурче дај боже така да заврши ќе бидам пресреќна. Ти посакувам и ти да успееш и сите други што ѓи чекаат тие тешки || цртки
Здраво Феминки во петокот правев прва инсеменација...колкави се шансите да е успешна инсеменацијата,прв пат минам низ ова и малку сум загрижена бев стимулирана со кломифен,па стоп инекција,па инсеменацијата.Сега ставан утрогестан сабаје поручек и навечер и по едно фолна киселина
Најголем дел од нас овде сме го минеле овој пат, како треба да биде ќе биде. Позитивна мисла и никако разочарување во НЕдај Боже ситуација!
Само позитивно и да се надеваме на чуда...еве јас денес БТ 36.2 и се трудам пак да мислам позитивно ...овој месец БТ ми е некако хаос ама се надевам дека со Овитрел и фоликул од 20 мм се случила овулација ...ако има некоја членка за утеха нека ми каже дека можно е и вака да се случува...поселе примена стоп по 36 часа ми беше 36 наредниот ден 36.6 денес 36.2
Добредојде Фроси... Сите сме исти тука и мојата прва инсеминација заврши и еве уште ја нема баба рога хаха ич да не доаѓа... Само малку сум во дилема и јас ставав утрогестан 3пати на ден и од вчера го прекинав и незнам што да правам дали да продолжам или да правам тест