Воопшто не е како менструација 17 ден ми е денеска и тоа ме загрижува што не е како менструација... Дали да чекам убаво да потече или да одам кај др.?
Немаш потреба да одиш кај доктор, не може ништо да види. Оди во лабораторија испитај бета, тоа ќе ти каже на што си.
Или се мачи да пробие поради прогестеронот или нема ни да пробие Навивам за второво и сабајле да се израдуваш со висока бета!
Оли првото е ме мачеше да пробие и еве ја сабајле баба рога. Сега имам страшни болки ќе пукнам. Ужас невиден Ништо одам на втора инсеминација само треба да почекам до декември
Баш се надевав дека нема да добиеш Ќе поминат болките и утре-задутре како нова ќе си и со нови сили напред Па можеби ноември ќе се изненадиш и нема да треба да се прави инсеминација во декември
@eci85 не се разочарувај ,еден ден ќе се израдуваш,ќе видиш јас пријавувам дека 4та инсеменација ми е неуспешна , и не дозволив на себе да паднам под депресија или да ме разочара и овој пат, ниту солза пуштив,за ова треба големо трпение. 2 полни години се борам со стерилитет. Сега еден месец пауза и одам на инвитро здравје Боже
eci85 не се разочарувај следната инсеменација ќе биде успешна мора да бидеш оптимист..инаку вчера и денеска се осеќам многу ужасно имам болки во стомакот осеќам мачнина ме тера на поврќање инаку денеска ми е осми ден од инсеменацијата
Оф леле кога ќе биде више еднаш но не се откажувам ти ја пуштам цела среќа да успееш барем ти овој месец Се надевам на втор успех. И јас имав такви мачнини и имав многу апетит дај боже да успееш од прва а јас утре треба да се јавам да прашам за втора кога можам да правам. Стискам палци за две цртки
Се ближи времето кај мене денес ми е11 ден после втората инсеминација..вториов пат ама баш ништо не чувствувам ...се надевам ќе заврши како успешна...☺
Пуштам среќа @Лаура82 да се израдуваш на 2цртки овојпат. Јас заборавив да се пријавам дека ке правам деновиве иуи. Утре сабајле сум на преглед,да видиме реакција на фоликули,инаку се боцкам со инекции Менопур,во мали дози.Овој пат некако сум рамнодушна,дури аларм ме потсетува да се боцнам.Немам никакви очекувања,ако имам среќа ке бидне.
Рапорт од денешен преглед.Еден водечки фоликул 19мм,ендометриум 9.Има и уште некое помало фоликулче ама се надеваме на овој водечкиот,тој е капитенот И тоа,вечер ке си боцнам Овитерел(стоп инекција) па здравје во Петок наутро инсеминација.Ако ми е пишано,ке се израдувам
Супер и со среќа. Стискам палци да успееш Може ли некоја од вас да ми каже после една неуспешна инсеминација кога може да се оди на друга
Да ве прашам кога да направам тест за бременост кога ќе ги завршам вагиналните или точно на 15ти ден од инсеменацијата бидејќи колку што знам додека ставаш утрогестан тестот преку мокрача не покажувал точен резултат