Утрогестанот не дава лажни резултати на тестот за бременост, затоа што тестот детектира прусуство на hCG во урина, а не прогестерон. Лажно позитивен тест може да дадат лекови кои содржат hCG (Profasi, Pregnyl), Утрогестан не спаѓа во нив. Ако си примала некои од овие, тогаш во зависност од тоа колку единици имаш примено, треба да чекаш одреден период до правење на тестот.
Кај мене изгледа ништо и со вторава...денес 12 ден и веќе имама розово кафеаво на кринонот...ама тоа е одиме понатаму
Утре ми е 15ти ден од инсеменацијата докторот кажа може да направам тест на 15ти ден значи утре сабајле да го направам
Јас и денес имав кафеаво на кринонот а БТ 37 ...инаку 14 ден од инсеминацијата а би требало 13 да е од овулација ...имам само слаби болки во долниот дел од стомакот како пред добивање и градите од вчера почнаа да ме болат..се надевам нема да добијам
Мене само стомакот и половините ме болат многу ...градите не ме болат а обично ме болат една недела пред да добијам
Фросинче како си? Мене денес ми е 15 ден и утрово пак имав кафеаво на кринонот ...ептен сум нестрплива да видам што ќе бидне...
Фала мила,вчера бидна инсеминацијата,ама не сум баш надежна,добивме ок бројка 18 милиони на прочистена сперма,но со 9% подвижност,што е премалце за успешна иуи.Што е тука е,психички сум спремна на ифв бебче
Што сакам оваа иуи да те изненади... Еден да е доволно подвижен, ќе си заврши тој работа Ајде со среќа и со успех!
Дај боже да се изненадам и да ви пренесам убави вести...ако не добијам и утре во Понеделник ќе направам тест прекј крв...и на Фросина и посакувам две цртки и ја чекам со убави вести
Денеска направив тест со мокрача излезе негативен ама го правев во 17 часот..ако не добијам до понеделник ќе проверам преку крв .. инаку целата сум подуена во стомакот,лицето не знам што да мислам можно ли е тестот да не покажа точен резултат бидејќи до пред да го направам пиев многу течности