Девојки за жал и мојата втора иуи е неуспешна ...почна да доаѓа баба рогата ..а и тестот е со една цртка..одиме понатаму јас одам на ин витро...
@Лаура82 Собери сила мила,те поддржувам за ин витро како следен чекор,а можеби и ке биде природно во меѓувреме
@Лаура82 нема разочарување, главата горе и продолжуваш понатаму, не е лесно, но ќе успеете @dunika со успех нека е, баш супер што си толку опуштена Да се пријавам и јас, денес бев на прво мерење и испадна водечкиот фоликул 21мм и ендометриум 8,5мм па утре одиме на инсеминација, втора по ред за нас... Прегнил не примив, докторот ми рече нема потреба за да не го забрзаме прскањето на фоликулите и да промашиме овулација...
Денеска ми е 19ти ден од иуи ..немам добиено сеуште ..се надевам нема да добијам па деновиве да направам тест
Правев пред 3 дена еден тест излезе негативен го правев кај 17 часот еве веќе ми доцни последна менструација ми беше на 4ти октомври, а инсеменацијата ми беше на 19ти октомври
Не примам веќе терапија ставив 3 кутии утрогестан ги завршив во неделата така ми кажа докторот само 3 кутии, а доколку останам бремена може ќе треба да ги продолжам
@Frosina374 твоево мириса на бепче, стискаме палци да ни кажеш убави вести Ние вчера правевме втора инсеминација, водечкиот фоликул утрото беше 25мм и ендометриум 10мм, штета што кај нас има слаба концентрација и подвижност, но, како што велиме, еден е доволно за успех, нели? Нема губење надеж ни откажување. Да ве прашам девојки, како и колку ви препорачуваат односи после инсеминација?