И јас денеска правев иуи.Пиев Дабростон 15 дена 2х1 па од 3 ден од циклус пиев 5 дена летразол 2х1 а во понеделник бев на мерење фоликули,а поради што имав 4 фоликули и тоа со добра големина најмалиот беше 18мм еден 22мм и два од 24мм не ми даде ништо друго освен една инекција Ovitrelle која понеделникот вечерта примав.После циклусот не ми се појави повторно крварење.Денес завршив со иуи и сега ќе чекаме резултати.Ти посакувам успех
Прогестерон , за подржавање на хормонски статус после иуи. Иевентуално настапување на бременост. Правев систина кај Др.Поповиќ..ти каде правеше?
Кај мене е различно може и затоа нешто не ми успеа иуи кај др.Органџиски правев. Летразол е нешто слично на кломифен нели... Кои се подобри?
Да иста функција имаат,но Др ми ги препорача давале подобар резултат само малку се поскапи околу 2.000ден и тоа по порачка од Грција или Бугарија,овде ми нема.
Мене кажано ми е дека Летрозол е подобар, не го тенчел ендометриумот за разлика од Кломифенот. Јас лично на Кломифен не реагирам, само по еден водечки имам секогаш како и при секој циклус, а со Летрозол имав три водечки фоликули.
Да во право си и јас неколку пати кога имав мерено фоликули претходно еден до два имав и тоа од 14 и 17мм а со Летразол 4 и тоа баш добра големина на едната страна18 и 22мм а на другата страна 2 од 24мм а и ендометриумот добар скоро 9мм Др беше пријатно изненаден и уште иста ден ми даде стоп инекција Ovitralle и денес направивме прв обид иуи а додека претходно не ставаше на Кломифен терапија но немаше најдобри резултати.
Без разочарување ќе биди...мора ! Можеби др сега нешто ќе ти промени во терапијата . За сите Нас посакувам успех со II цртички !
Девојки јас да се пријавам дека мојата прва инсеминација е неуспешна за жал ,но сеуште немам добиено циклус 15 дена ставав Кринон но за сигурност додека да испитам преку крв ми рекоа да земам утрогестан до неделата ставав и во понеделникот проверив преку крв негативен беше рез.после колку дека да очекувам да добија циклус,многу сум нервозна неможам самата да се трпам ,подуен мие стомакот уште,само плачки и под депресија сум знам дека сето е нормално но мислам ако добијам циклус ќе се смирам малку.
Eci мене ми доцни 7 дена правев бета хцг референтните вредности се 2378 mIU/ml денеска одам кај матичен па со господ напред се надевам има нешто што сите го посакуваме
Се разбира дека има нешто што посакуваш штом бета хцг е со толку висока вредност. Честитки душо и со срека до крај
Ќе се смириш, ќе се средат хормоните. Јас по прекинување со прогестерон, добивам за 7-10 дена. Некои си добиваат независно од терапијата, но кај мене е вака. Ееее ако ти е бетата 2378 значи бремена си! Честитки!
Јупиии стискам палци за две цртки... Дај боже да не дојде баба рога 9 месеци направи тест и сликни заедно да славиме
Смирувањето малку тешко оди мисли низ глава секакви но се трудам од ден на ден да си сванам дека така требало да биде дека наредниот пат ќе дојде се на свое место. Денес мие 4 ден ќе си чекам да добијам
Те разбирам. Голема е надежта, а со тоа и разочарувањето. Борбата трае и ќе трае додека не се победи! Ајде, глава горе! Ќе добиеш, ќе ти е тешко првиот ден, но вториот веќе како нова ќе продолжиш понатаму до успехот
Надеж имав многу голема кога видив негативен тест како се да ми паднало во вода ,како цел свет да ми руши ,но тоа е неможам ништо да сменам мора да се бориме до целта да стигниме. да добијам циклум мислам дека ќе се преродам,напната сум,нервозна подуена од хормони од се
Ќе помине... Ајде издржи уште некој ден додека добиеш и ќе ти олесни. Не се разочарувај. Желбата можеби не ни се исполнила веднаш, но ќе ни се исполни еден ден. Не знаеме кога, но некогаш ќе биде
Ке биде срцка не се разочарувај штом сега не бидело сигурно Господ чува нешто многу поубаво за сите нас кој посакуваме бебуш,и ке имаме барем по едно а можеби и по две,три затоа мисли си позитивно.И јас во Среда правев прва иуи со душа чекам дата за да направам тест.Ке се бореме со сите сили за да ги видеме ll цртки
Здраво јас во вторников правев исиминација колку време треба да помине за да направам тест или на преку крв да проверам ?
Јас правев во Среда на 12ти а Др ми рече на 02 јануари да проверам со тест или преку крв.Каде ја правеше,нели ти кажа Др кога да провериш и те стави ли на некоја терапија.