здраво девојчиња. Бидна и мојата инсеминација. Баш како што кажавте, многу кратко трае и релативно едноставна постапка.сега примам утрогестан и пијам прегазон. Се надевам ќе имам среќа
дали имавте слаби болки во стомакот ден два по инсеминацијата ? јас имам па се прашувам дали е тоа во ред...
Многу од симптомите после инсеминација се должат на прогестеронската терапија (утрогестан, кринон и сл), и за жал не треба ништо во нив да се чита.
Devojcinja sakam da Ve prasam nesto vo vrska so inseminacijata?Koga ja preporacuvaat?Nie si imame problem so podviznosta na spermatozoidi na mm,dali e dobro da probame na ovoj nacin?
Мадо како си саката вие да но најубаво е со косултација со вашиот доктор.Инсеминацијата воопшто не е инвазивна процедура така ниту штети ниту предизвикува некои прблеми. ( Освен ако маж ти или фамилијата не се плашат дека може да ви ја заменат спремата како една феминка што кажуваше ) Ние направивме инсеминација бидејќи година и нешто нема успех а нема проблеми кои би требало да ги лечиме. ( спрема супер, хормони во ред, редовен циклус итн) Пробајте слободно неможете ништо да изгубите можете само да добиете. Со среќа!
Со инсиминацијата со самото центрифугирање на спермата се издвојуваат најквалитетните сперматозоиди, така да нема штета. И јас сум со инсиминација зачната и често велам, а од каде да знам ако во центрифугата не се измешале која сперма од кого е! Ма докторот ми го направи детето и точка. Мала шега нормално. Пробајте нема штета. И кај мене немаше проблем па испадна на крај ципа го затварала грлото на матката од каде што треба да навлезат сперматозоидите. Од втора инсиминација и тоа пред 15 години останав бремена. Со среќа на сите.
Јас читав една статија за успешност на инсеминацијата во различни ситуации. Според оваа студија, емпериски беше докажано дека најголема успешност на инсеминацијата се покажува онаму каде проблемот е во овулацијата, а следно е машки фактор. Еве го линкот од студијата, кој сака да чита, при крајот има една табела со сумарни резултати. http://www.shadygrovefertility.com/intrauterine-insemination-iui-success-rates
Мојата трета инсеминација не успешна....вчера ми дојди теткица а од утре почнувам со фостимон....и пак иста процедура...а гасови и болки во стомакот и со и јас имав после секоа инсеминација.
не живеам во мк,а тука треба да направам 6 инсеминации....со господ напред нека не треба да ги правам,преку глава ми е од се овие 5 години.Се израдував сега ми се јави една другарка се породила ми го разубави денот и нека биде како со кажа таа ''нека дава господ таму кај што нема'' малку забегав
Ќе биде! Судбина - кај некои побрзокај некои побавно! Ама мор да биде. И мене мака и е што ете мора да се мачиме, ама па нема како поинаку.
a јас од денес почнувам со инекции па ајде со господ напред да се израдуваме и ние и сите што се молат за 2 црти....