Јас ја правев во државна не ми кажаа кога да проверам и никаква тарапија не пијам,освен пред да правам исиминација пиев Кломифен х2 на ден. И ми рекоа дека откако ја направив да имам 3 дена односи...
Па почекај си барем 20тина дена.Јас на 02-01 ке проверам како што ми кажаа,а зошто ти немате дадено терапија незнам.Обично даваат јас пијам Аспирин од 100 х1 на ден и Дабростон 2х1табл.Исто и пред инсеминација пиев Дабростон 15дена па од трет ден од циклус Летразол 5 дена и во Понеделник примав Ovitrelle инекција.Инаку како беше ти околу фоликулите колку имаше која големина и која бројка обработен материјал добивте.Инаку не ти напоменав јас правев во приватна не во државна
На ГАК и јас ги правев трите инсеминации и таму баш ништо не кажуваат, меѓутоа не прави тест пред да поминат 14-15 дена, подобро да почекаш и да се израдуваш... Со среќа!
Здраво феминки да ве известам дека од денес почнав повторно со кломифен одиме на втора иуи и тоа пред нова година Па здравје боже во новата сите да си галиме мешко
Девојки денес бев на доктор ми ја потврдија бременоста 6 недели...господ е голем чекав да добијам и овој месец да одам на втора иуи, ама не добив настанала бременост по природен пат ноември работевме ептен на случајот
Јас имам правено 2 инсеминации во Ремедика и исто прво пиев кломифен па една прегнил ампула и после инсеминацијата ништо. Дури вториот пат ни прегнил не примив, само со кломифен. Ако треба да биде и без лекови ке биде, така да релакс и фрли се на работа
Dusicki edno prasanje do site sto ste zavrsile so inseminacii kolkava brojka na spermatozoidi imavte posle obrabotkana materijalot??
Честитки со лесно да си ја износиш бремеността Ајде позитивно со позитивни тестови да ја окончаме 2018
Имам мислам пишано наназад ама ке повторам На првата 16 на втората 18 милиони,од кои 4%А+4%Б подвижни,а оптимално е над 25% да е подвижноста на прочистена сперма.Ние сме со дијагноза Астено,па не очекував чуда,иако сметам дека повеќе е среќа инсеминацијата. Ти поскувам успех
Кај нас прилично лоша е состојбата, после обработка имавме 2-3 милиони (на три инсеминации) што е релативно малку и мали шанси за успешна инсеминација, како што кажа и @dunika инсеминацијата е повеќе среќа, но секогаш се надеваш бидејќи нели, само еден сперматозоид е доволен
Апсолутно @Thallia Барем надежта уште ме држи,и секој месец си се надевам дека и природно може да се случи,иако сум психички спремна за следен чекор ифв,верувам во чуда и покрај многуте сопки од животот Сите ке успееме,на овој или друг начин