Не се разочарувај срцка.Како е Господ никој не е.Се ќе си дојде на свое место,нема откажување ке се бореме за две цртки .
Три, сите на ГАК ги правевме, ама време е да собираме документи за ваучер за ивф, нема поента и четврта да правиме
Поднесете си документи, мислам дека не би ви ни барале четврта. Па додека собирате и чекате одговор, ништо чудно и природно да си биде, има такви случаи, посакувам да бидете и вие меѓу нив И без разочарувања, на овој или на оној начин ќе стигнеме до целта сите
Здраво на сите. Со маж ми планираме нареден месец да одиме на инсеминација. Па би сакала да прашам дали претходно се потребни некои испитувања и кои испитувања би ми ги барале
Срцки да ве поздравам и да ви кажам дека вчера бев на мерење фоликули од лева страна имам три...два од 18 и еден 19мм примав стоп прегнил и утре со Господ напред одиме на втора инсеминација Убав ден на сите
Феминки... Мојата втора инсеминација бидна лежам 40мин.и си одам дома. За две недели очекувам две цртки дај Боже
Здраво срцки....Да ве известам мојата прва инсеминација е неуспешна,продолжувам со втор обид.Разговарав со Др ми даде Letrasan 5 дена да пијам па здравје во Четврток одам за мерење фоликули и ендометриум,и после божиќните празници повторно ќе се обидеме со инсеминација.
Мора да гледаме напред за,најпрекрасното нешто се бореме Нема откажување!!!Во четврток ви пишам како сум поминала на мерење фоликули.Позз
Се надевам дека ќе биде последна,секако нема откажување ќе се бореме за II цртки а инаку Letrasan од Грција ги земам
Пробај нема да згрешиш мислам барем на мене многу подобро ми делуваат отколку Кломифен само по малку се поскапи околу 2000 денари.