Втора и последна нека ти биде. Нели ти рече да правиш пауза после првата инсеминација? Јас правев два циклуси па на третиот ја правевме втората еве овие денови чекам да не дојде баба рога
Не не ми кажа за пауза.Кога му се јавив дека добив менструација,ми кажа да пијам од трет ден Letrasan таблети 5 дена па откако ќе завршам со таблетите два слободни денови и на третиот ден да одам за мерење ендометриум и фоликули и ќе одлучи кој ден повторно ќе правиме иуи.Позз Среќни божиќни празници,и следната година да имаме сите барем по еден бебуш во раце
Дај боже да ти биде успешна инсеминацијата. П.С. Ако ти требаат инсеминациите за документи за инвитро понатака треба да ти се преку еден месец правени
А вака ако ми се правени секој месец неможе ли да ги искористам за ваучер?Сепак се надевам дека ке успееме со иуи,а ако се повторно неуспешни идеме на инвитро
Најпрво тоа ти го посакав,од срце да успееш со иуи. Во правилникот на фондот пишува 4 инсеминации преку еден циклус. Исто и за спермограмите,преку месец во различна институција правени. Сега уживај и мисли позитивно. Нека биде успешно
Јас правев инсеминација и утре ми е денот за НЕ добивање... од време на време имам чувство како да ќе добијам...ама тоа е. Приметив дека повеќето иуи се неуспешни или завршуваат со биохемиска бременост...па ме интересира ваше мислење дали ова е случајност или баш како да си губиме време со иуи...
Мојата прва иуи беше неуспешна,а и изгледа само си губеме време,ретко кој успеал со иуи.Сепак тоа е мора да се помине овој тежот пат.Овој циклус ке се обидеме на природно а нареден месец продолжувам со втор обид.Тебе која иуи ти е по ред?Ти посакувам две цртки
Оваа ми е 1 иуи откако правев лапаро и хистеро...односно откако сум средена Претходно правев 2 иуи неуспешни...со хидросалптингс Сега со нови сили и нов гинеколог до || Ако не ифв не бега...
Сите велат дека иуи се неуспешни, ретки се тие кај кои завршуваат со две цртки и јас ја поминав мојата втора иуи и вчера требаше да дојде баба рога но како и првиот пат знам дека ке касни поради стимулацијата но дај боже овој пат да заврши со успех што не се надевам многу... Перење на пари е тоа ама ајде ако не биде менувам друг др.
Тоа е јас ке пробувам до трет обид со иуи ако не биде идеме и ние на ифв.Ајде позитивни мисли само и мора да успееме,ќе се бореме до крај.Инаку и јас пред една година правев хистеро (имав мал септум на матка)и откако беше отстранет една година природно пробувавме не бидна па одлучивме да почнеме со иуи и ќе бидеме колку ќе треба да се бореме до бебушот.
Душичко ти посакувам да си видеш две цртки а баба Рога нека не иде нека одмара 9месеци Кај кој Др правеше иуи (чекам убави вести да ни се пофалеш со најрадосната вест)
Осеќам дека ќе ги видиш двете цртки... Тест кога ќе правиш? Јас утре ми е денот за НЕ добивање...па и 1 ден да касни ќе правам одма од радозналост ме убива неизвесноста
Дa така е дај боже никој да нема потреба од ифв,а бебушките се добредојдени во секој момент и се надевам сите шо чекаат во скоро ќе видат ll
Несакам да правам тест пошто знам дека нема да покаже точно бидејќи уште ми се прочистува организмот од утрогестанот ќе чекам ако не дојде ќе правам тест преку крв. Ти посакувам да успееш и ти
Аааа ќе те карам! Зошто си прекинала? Не се прекинува терапија додека не провериш бета. Прогестеронот што го даваат не го даваат џабе, важен е за поддршка на бременост. Што ако си бремена, си прекинала терапија, почне кафеаво и ти мислиш дека е циклус, а всушност тргнало кафеаво поради тоа што е прекинат прогестеронот... Џабе таа терапија не е дадена и џабе не кажуваат да се прекине откако ќе се провери бета. Кога ќе дојде денот за проверка, провери бета, па ако е негативна, тогаш се прекинува. Знам дека ти се продолжува циклусот од прогестеронот, но сепак не се прекинува без да се потврди дека нема бременост.