Некои си добиваат додека примаат терапија, зависи од организмот. Јас добивам 7-10 дена по прекинување на терапијата.
Друштво денес бев на мерење фоликули.Ми закажаа втора иуи за во Вторник.Кога ја закажав првата бев многу среќна,расположена и се надевав на позитивен тест, но кога добив негативен тест многу се разочарав,и сеа за овој втор обид уште на самиот почеток сум разочарана.Многу се плашам дека и оваа пат ќе се заврши негативно. hug:
Нормален е стравот. Кој не би се плашел кога ќе помисли на претходното искуство. Само, мораш да мислиш дека овој пат се ќе заврши добро. Ти посакувам многу среќа!
Мисли дека прва беше и неуспешна, но дека има шанси втората да е успешна. Мора да си даваш кураж, тоа е единствен начин да се оди напред без разлика на се. Ајде глава горе, нема разочарувања
Тежок е овој пат, само ние што го минуваме го знаеме тоа... После секој неуспех мора да се исправиш и да продолжиш, нема време за разочарувања. Знам како ти е, но пробај да се опуштиш, да си ангажирана со нешто друго, книга, филмче, прошетка... било што. Прави нешто што те исполнува, што те прави среќна... Негативните мисли никако не ти помагаат...
Се трудам се повеќе позитивно да мислам.Али човечка душа копнее да си има свое чедо.Позади секој негативен тест остануваат многу солзи.Со сета сила се борам да продолжам,но најмногу тешко ми паѓа кога комшивка или блиска ке ми се жали во врска со нејзини деца и ќе ми каже уживај додека си сама а не знаат колку многу таа самотија боли...Но сепак јас се тешам со тоа дека Господ чува нешто многу подобро за нас.И во скоро сите да сме со полно меше.
Ќе можеш ли подетално да мо објасниш? Јас правев хсг и после бев на преглед и ми кажаа на 9 ден за инсеминација. Дали веднаш ќе биде истата или ќе има претходно подготовки? Инаку хормоните ми се супер сега, а за сопругот кажа само хив тест?
На 9-ти ден ќе те гледаат на ехо и ќе ти кажат дали пак да одиш на ехо. Треба да фатите фоликулите кога ќе се доволно пораснати за да се боцнеш со Прегнил и ќе ти закажат инсеминација. За мажот спермограм (не сум сигурна дали и спермокултура треба), хив и хепатити. Се' што имаш ќе си носиш да ти ги видат резултатите. Кај кого ќе одиш на преглед?
Срцки сон не ме фаќа утре правам втора инсеминација некако многу релах дури и заборавив дека имам закажано среќа сопругот ме потсети Му се молам да бог овој пат да ме сожали (нема да можам уште еден негативен резултат да доживеам)...Се трудам да сум позитивна но внатрешно немам спокој.Тие ll цртки кој ги чекам скоро 9год.кога еднаш би ги видела најмногу ќе можат да ме усреќат во мојот живот
Да не биде не сум ве известила другарки мои виртуелни.. Сабајле направив тест на 16 ти ден од прва инсеминација и е нормално негативен Зашто да биде просто кога може да биде и сложено ( се ми е така во принцип, се по потежок пат ) Кој сака нека каже ама разочарувањето е преголемо . Дали морам да одам да правам и од крв на 16/02 бидејќи така ми рече докторот или само да му се јавам за да ги прекинам добростонот, за да си добијам циклус поскоро? Фала ви за секој совет и убав ден од мене
Баш ми е жал.Ајде без плач знам како ти е и јас го поминав истото.Но цврсто прифати го тоа што неможеме да го смениме па ни останува да чекориме по најтешкиот пат,релаксирај одмори па втората иуи ќе е со ll цртки.А терапија не преминувајќи.Ние сме силни и ситеее до една ке успееме.(јас за неколку часа ја правам втората) борбата е тешка али кога ќе ја победиме резултатот ке е некое слатко бебче
Убаво е да си провериш и преку крв, сепак консултирај се со докторот дали да провериш и со терапијата дали целосно да ја прекинеш. Го поминав истото болката е голема,имаш надеж дека ќе биде нешто и на крај како цел свет да ти се срушил врз глава ,ама издржливи сме ние ќе го издржиме и тоа и со помисла дека наредната иуи ќе е со позитивен тест