1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инспирација за пишување

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од anastasija85, 24 април 2011.

  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    Со оваа тема би сакала да ги запрашам сите оние кои пишуваат или се обиделе да пишуваат некогаш од каде ја црпат својата инспирација?

    Немора да биде само пишување може тоа да е секоја уметност и талент кој го поседуваат! :)

    Што е тоа што ве потикнало во тој момент да направете нешто такво? :geek:


    Кој е мотивот?

    Инспирацијата може и да е многу пати различна,па би сакала да споделете во тој момент кога нешто ќе напишете или направете од каде сето тоа ви дошло,ако можете да го објаснете и споделете со нас

    за мене: се наоѓам во еден период кога имам голема инспирација за пишување,имам голема желба да ги искажам моите чувства,честопати некоја случка е мојата инспирација,или некоја relax песна,но во овој момент тоа е една слика која стое покрај мојот компјутер и е така направена да песокот во неа функционира како песочен часовник,и протекува кога ќе ја завртам.тоа е мојот мотив за ова пишување во овој момент. :f:

    споделете ги ваште инспирации,ако сакате

    не знаев каде да ја ставам темава,го молам модераторот да ја премести на соодветно место,а ако е дупла и несоодветна слободна нека се брише
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    инспирација за пишување

    Мене вака искрено не ме бива за пишување (или пак ме мрзи).
    Имам преголема инспирација кога сум тажна или кога ми доаѓа како сите да се против мене.
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    инспирација за пишување

    Инспирација - од среќните, претежно тажните случки. Едноставно зборовите сами ми доаѓаат и си ги запишувам. Кога се чувстувам осамена или возбудена. Кога сум изнервирана. Кога сум расположена се раѓа некоја инспирација. :) Животот ми дава инспирација! :)
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.224
    инспирација за пишување

    ммммм... интересна тема! (модераторот ќе ја смести во литература и уметност, така?)

    Еве јас ќе си кажам за мене, јас пишувам поезија од моите 13 години. Инспирацијата ја црпам од ликовите во мојот живот, од нивните зборови или од тагата...
    Порано претежно пишував љубовни песни, инспирирана од некоја невозможна љубов, од далечината...
    Но јас не гледав квалитет во таквите песни, почнав да пишувам за тешките моменти во животот, ја опевам смртта, во моите песни или прозни дела авторот најчесто умира :$ знам- морбидно е, но тоа е тематиката што ја опевам...

    Сега единствено за што пишувам е за татко ми, инспирацијата ја добивам секогаш кога останувам сама, секогаш кога ќе ми потече солза за него, тогаш ги пишувам најдобрите песни и сум многу задоволна од себе!

    Во последно време, дечко ми многу ме инспирира, кога ми зборува, кога ми искажува љубов, кога ги читам неговите песни...

    И за крај, понекогаш земам да пишувам кога ќе прочитам некоја песна од голем поет како Петре М. Андреевски, Едгар Алан По, Шарл Бодлер... и други.
     
    На zhap4e и anastasija85 им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    инспирација за пишување

    Кога е пишување во прашање, секогаш е некој конкретен збор, што сум го чула дента или сам си се створил во главата и си се врти, како некоја песна. И, секогаш тој еден збор повлекува и други неколку, па од нив секогаш почнувам и никогаш не знам што следи. Дури и додека работев како новинар така ги пишував сите текстови, па дури и кога ги пишувам најдосадните извештаи или сличните работи во кои има 0 од мојата креативност.
    Кога е цртањето во прашање, пак, никогаш не го правам кога сум среќна, не знам зашто. Секогаш е кога сум тажна, кога сум бесна некому или за нешто, кога сакам нешто да заборавам, да престанам да мислам... најчесто е на тмурно и врнежливо време и затоа и го сакам дождот и сивилото, бидејќи ме инспирираат, а тоа ме смирува.
    Знам само дека од се што човек пишува, црта или било што друго креативно прави, макар и обично писмо да сте напишале, обичен пост на фемина :), колку и да се обидува да ги скрие моменталните емоции, читајќи помеѓу редови, можеш да научиш премногу за тој човек. Несвесното, ставено на хартија... е 100 % свесно :) само што е нешто, што човек никогаш не го кажал гласно, барем не директно... но секако ќе му го видиш во цртежот, стиховите итн.
     
    На Magnolija и anastasija85 им се допаѓа ова.
  6. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    инспирација за пишување

    Инспирацијата ја црпам претежно од понесреќните периоди во мојот живот и настани, неуспешни врски, нереализирани желби и слично... Токму поради тоа, во аматерските дела што ги пишувам преовладуваат 2 елементи... Или крајно мрачен, „безнадежен“, готски стил, или тежнеење, копнеење по нешто вишо, чисто, невино...

    За свое „најмрачно“ дело го сметам следново, што ќе го споделам со вас. Го напишав во ситуација кога се соочував со животот по една врска, со една девојка за која мислев дека е онаа, THE ONE, ама на крајот максимално ме разочара, како и јас неа. Накратко, доколку имате време да прочитате, уживајте. :)))

    Темнина...

    Ги отвори очите... Темнина... Зарем вака требаше да го поздрави новиот ден, со густа темнина до кајшто окото гледа? Помисли дека можеби уште сонува, но не; ја почувствува болката кога силно се штипна. Не му беше јасно, но потсвесно како да знаеше дека, можеби, самиот тој е изворот, причината за оваа црна дупка и мртвата тишина во неа. Само на моменти слушаше, или барем си замислуваше дека слуша, пригушени врисоци, болни крици, кои доаѓаа од некаде далеку, а потоа нагло замолкнуваа. Проба да ги занемари, ги затна ушите... Но така одекнуваа уште посилно, како да доаѓаа од неговата глава. Проба да се движи, лево, десно, напред, назад... А тие упорно како да доаѓаа од некоја централна точка во тој мрак, кај и да се движеше, го следеа во чекор, го прогонуваа. Почна да станува нервозен, првите капки пот се јавија на неговото чело. „Не, дефинитивно не сонувам“, помисли, кога се забриша по челото со единственото шамивче кое знаеше дека му останало во џебот. Но, кога ја спушти раката, имаше што да види. Во таа темнина, шамивчето беше заслепувачки бело, а на местото кајшто го избриша челото од потта, осамнала црна дамка, како истурено мастило. Ја гледаше дамката, клечејќи здрвено неколку минути. Што е, зошто е, од каде е, дали нешто значи? Но одговорот на овие прашања не можеше да му ги каже никој, зашто и онака беше сам; ако не ги рачунате криците, врисоците кои се’ почесто беа причина да посегнува по шамивчето за да ја бриши новонастанатата пот. И секојпат, истата црна дамка на него. Почна да го фаќа паника, почна да мисли дека можеби оваа темница се протега на илјадници километри од него, и дека е сосема сам во неа. Но зошто, што беше причината? Погрешил ли нешто, некому? Почна да трча, недефинирано, хаотично, се чувствуваше како да оди по провалија. Таман ќе помислеше дека истрчал многу, ете ги повторно, гласовите, пригушени и болни како и дотогаш. И така, по иста шема, 10, 15, 20 минути... Се’ додека нозете не му откажаа, и колабира на земјата, за која не ни знаеше дали е постоечка во сето тоа црнило. А тие, криците, се’ повеќе и повеќе се доближуваа до него, и за првпат звучеа се погласни, позаканувачки, повистинити. Но му беше гајле, и онака веќе немаше сили за да стане, да проба повторно да бега... Беше залудно, почна да се предава во таа мртва атмосфера, а единствен знак за живот, покрај врисоците, беше бавниот пулс на неговото срце... Ги затвори очите, и се’ што осети е како некоја надворешна сила, надворешна моќ, влегува во него насилно, го парчосува неговиот граден кош... И одеднаш, комплетна тишина, од гласовите ни трага ни глас, а него му остана да се препушти на дремката која полека, но сигурно, му стануваше господар во овој темен замок... Се свитка како новороденче, испушти болен крик со кој го преќина задушениот ритам, и занеме... Несвесен дека сета таа црнина произлегуваше од неговата сегашност, а криците од кои не можеше да избега, а на крајот повторно го заробија, беа лузните од неговото минато.

    [​IMG]
     
    На La.Reina.Del.Sur и anastasija85 им се допаѓа ова.
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Ништо не може да ме испирира како човекот, неговата грдотија и убавина, добрина или злоба, неговите маани и неговите доблести.
    Ме испирира градот, развратот, блудноста, страста...
    Пишувам за работите што сум го доживеала и за оние кои јас сакам да ги доживеам.
    Сепак најубаво пишувам кога сум тажна и осамена, а верувам дека и многу други.
     
  8. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Секогаш инспирација ми била љубовта, во мојата кариера на пишување има само љубовни песни од времето некаде од 5 одделение па додека да се мажам. Најголемиот дел се за мојот сегашен маж значи за секоја случка со него тажна или радосна имам напишано проза или поезија со дата, час и потпис. Паметам за некоја годишнина од врската, не ми текнува точно која беше, ми ги направив во паур поинт презентација со слики со музика и му ги читав цела ноќ :lol:. Имам цела тетратка напишана за него, можеби има околу 100 песни и раскази и знам некогаш да седнам, кога сум сама и да си ги читам и да се навраќам далеку во минатото.
    Знам и сега понекогаш кога ќе ме изнервира за нешто да му искуцам нешто на фб во порака, но тоа е многу ретко ;)
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Ме инспирира животот кој го живеам, луѓето во него и секојдневните случки. Може да ме инспирира некоја песма која ќе ја слушнам или некој филм или слика! Што две-три реченици ми се завртуваат во глава почнувам да пишувам и прекинувам тек кога ќе сфатам колку сум се распишала. Тогаш пробувам да завршам некако и пишувам некоја реченица за крај!
     
  10. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    инспирација од фантазијата!
    нормално
     
  11. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Најголема инспирација ми доаѓа кога слушам некоја тажна и меланхолична песна. И најчесто кога пишувам нешто тоа го правам слушајќи ги моите омилени песни. И притоа се чувствувам полесно. Секоја мака која ќе ја споделам со парчето хартија, веќе не боли толку. Сите мои спомени се овековечени на хартија. Знам дека таму засекогаш ќе постојат безразлика на се.
    Едно време пишував и песни, бев многу инсирирана всушност од омразата која ја чувствував кон еден бивш дечко. Кога омразата стивна, инспирацијата исчезна .... :?:
    Сепак со тек на време откривав нови работи кои во мене ја потикнуваа желбата за пишување ... некоја добра книга, некоја случка, некоја тажна љубовна приказна ... меѓутоа сите се сведуваа на истото, само тага и тага, да друго чувство изгледа незнам да пишувам ..... :(
     
  12. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Секојдневието ми е инспирација!
    На пример, ако пишувам за љубов, помислувам на него, на заедничките моменти, на тоа што најмногу го сакам кај него. Го запишувам сето тоа.
    Ако пишувам за хумор, ми текнува на некој смешна случка со пријателите. Го запишувам пак тоа.
    Ако пишувам за исторични личности, ги избирам омилените, што ми оставиле најголем впечаток.

    Значи на што ме асоцира темата, за тоа пишувам.
    Или обратно, нешто се случи или ми текне на нешто интересно од секојдневниот живот и гледам за која тема би станало збор и веднаш запишувам!

    Комплицирано објаснив, ама таква сум јас целата.
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Црпам инспирација од случките во животот, она што сум го почувствувала, видела и чула го пренесувам со зборови и бои. Понекогаш се обидувам да ја пуштам фантазијата да патува, но убедливо подобро умеам да творам кога сум го прeживеала тоа, едноставно самото „извира“ од мене. :)
    Често знам да допрам до спомените со песни, така црпам инспирација.
    Најмногу инспирација имам додека ја слушам Heart shaped box од Nirvana. Не се пронаоѓам во текстот, а сепак ми е некако прилепена за срце и успеа да го извади секој збор од мене, дури и кога е скриен најдлабоко. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=n6P0SitRwy8
     
  14. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Две чаши црвено вино и се чувствувам како Едгар Алан По, пишувам се и сешто, на различни листови, па често не знам каде сум ги оставила и интересно е кога ќе си ги најдам ( на трезно) .
    Не сум мрачна, ама убавото ме тера на спиење а лошото на пишување. Никогаш нема да ме инспирира цвеќето или сонцето.
     
    На Sara123, Trendafilka и Magnolija им се допаѓа ова.
  15. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Честопати ми доаѓа инспирација...најчесто од некои случки, и слично. Но, тој налив од емоции не го искористувам баш најдобро, па да си напишам нешто, бидејќи не сум талентирана на оваа област, и не ме бидува баш за пишување поезија и проза, но сепак, знам понекогаш да си составам нешто онака, за своја душа! ;)
     
  16. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    инспирацијата со години ја црпам од секаде, дали од добро или од лошо не е важно...
    наследен талент, преполна со идеи и секогаш спремна за нешто ново, секогаш верна на листот и мастилото ;)
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Најчесто добивам инспирација од тоа што ми се случило во текот на тој ден. Седнувам и запишувам се. Кога ќе го напишам тоа на хартија ми е полесно. Понекогаш се навраќам и на минатото, и на доброто и на лошото што ми се случило, и самото размислување ме инспирира да пишувам. Инспирација ми даваат и моите омилени песни.
     
    На Barbie-lovee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CocoSumner

    CocoSumner Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    Буквално секојдневието.. Лични доживувања, или можеби на некој мој близок..
    Си носам бележник со себе и знам да си забележам некоја мисла, или тема за некое идно дело.. :)
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Инспирацијата ја црпам од неповторливи песни како Everything in Its Right Place, Don't panic, God put a smile on your face, Everlong... ми ги отвараат чакрите доволно да се создаде парче поезија или проза.
    Ме инспирира бесот, тагата и самотијата. Сопствената.

    И тој. :$ :*
    Целосно ме инспирира, ме заведува до бесконечност и само на парче хартија можам да ги начкрабам соништата ни.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Немам инспирација. Ми доаѓа у моментот - го пишувам. Не мора да значи дека е вистина. Но! Тоа што е вистина, е стварно важно за мене. Се е така поврзано.

    А, додека сликам.. Незнам. :wasntme: Што ми дојде на памет.

    Нониспирејшн. :D