Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инспирација за пишување

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од anastasija85, 24 април 2011.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.519
    Пол:
    Женски
    Инспирација за пишување добивам од љубовта и тоа најчесто кога сум разочарана. Почнав почесто да пишувам последнава година и ТОЈ ми е инспирација.
     
  2. baby.blue

    baby.blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    33
    Инспирацијата ја црпам од сопствените чувства. Обично пишувам кога имам налив на емоции :D Порано, кога бев многу тажна и кога ми беше тешко, сите свои мисли и чувства ги пренесував на лист хартија. Потоа се чувствував многу подобро, како да ја имам споделено својата мака со некој од доверба. Понекогаш инспирација црпам и од некои песни исполнети со многу чувства и нежна мелодија :$ Најчесто пишувам за љубовта и животот. :)
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Тагата - е вечен и неисцрпив извор на инспирација (барем кај мене)... ;)
     
    На WiseGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Пишувам текстови веќе подолго време, единствена инспирација ми е се што се случува околу мене, љубовта, тагата, среќата, пријателството или солзите.
    Пишувам и кога сум среќна и кога сум тажна. Во последно време ТОЈ ми е инспирација.
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Инспирацијата си доаѓа сама, тоа е нешто кое барем јас сеуште не сум успеала да го контролирам. Имам еден нотес во кој запишувам мисли кои во моментот ќе ми дојдат на памет, а кога ќе се почувствувам полна со инспирација, седнувам пред компјутер, го отворам нотесот и пишувам песна.
    Сум пробала да пишувам кога немам инспирација, ама не оди и готово. Затоа во тие моменти запишувам само одредени мисли кои потоа прераснуваат во песни. Имам и започнати, а недовршени песни кои чекаат момент да бидат дозапишани.
     
    На Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Многу пишував порано, имав инспирација која не иде ако отприлика се ти е подредено...Кога бев страшно, очајно, несреќно за прв пат заљубена, кога анализирав се и сешто, кога ситуација од 5 мин. знаев да ја преиспитувам со саати, кога бев или длабоко несреќна или манијчно среќна, кога не заспивав до сабајле вртејќи филмови во глава...тогаш станував и ноќта да запишам некои 'генијални' мисли кои би биле штета да се заборават до утрото...
    Откако престанав да пишувам, почнав да живеам... :tmi:
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Порано, до пред некои 3-4 години, пишував. Раскази, составчиња, есејчиња, стварно ми беше мерак да пишувам. И имав теми за пишување, ооо, колку само теми ми се мотаа во глава. Детска фантазија растегната и протегната до максимум. Кои случки само можев да ги смислам и да ги изрежирам во мојата лична фантазија, ми немаше рамен. Признавам дека ме мотивираше плус и тоа што луѓето околу мене ми даваа голема поддршка да продолжам со пишување.

    Кога зацапав солидно во средно, дали од недостиг на време, или од разочарување што само одредени фаци се форсираа, престанав. Којзнае колку време немам напишано нешто, било што. Не ми е никаков проблем пишувањето, сите писмени, проекти и такви ми ти работи беа пис оф кејк за мене. Ама ете.

    Денес, не можам да се инспирирам од дождот, од Сонцето или од љубовта. :D Мислам дека стилот на пишување ми ,,забегува,, повеќе кон колумни, статии, блогови. Сакам да пишувам смешни и интересни работи, со мала, ептен мала доза на сарказам и иронија. Ме нервираат тие две во големи количини. Инспирација ми даваат секојдневните настани, можам да се инспирирам и од тоа. Професорката по филозофија во средно ми викаше дека имам ,,критичко око,, за секојдневните настани и дека идната професија треба да ја гледам некаде накај новинарството. Што знам, времето ќе покаже дали била во право или не. :D

    Сега се задоволувам со пишување на фемина. Пробав и блог да водам, арно ама, напишав еден пост, си ја изгубив локацијата на блогот и отиде идејата по Вардар. Нема везе, се што сакам некогаш да кажам си го кажувам овде. :wasntme:

    п.с. Ако некој ден ми фркне некоја голема идеја, што ќе ме фрли на трескавично пишување, очекувајте и некоја книга од мене. :rofl: Гарантирам дека ќе биде смешна, не знам поинаку да се искажам. :D
     
  8. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Сега ретко пишувам оти ме има фатено мрзата ама порано пишував секој ден.Најчесто инспирација ми беше љубовта било дали бев среќна или тажна.Инспирација се наоѓа во секоја ситница од животот, важно само од кој агол ја гледаш и како ја доживуваш. :)
     
  9. SanF

    SanF Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Девојки ми треба помош за пишување краток говор.. на која тема би пишувале вие, некоја актуелна или..? :^) :)
     
  10. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Инспирација

    Инспирација за да пишувам ми е самата природа, татковината, природните убавини, црпам инспирација и од натпревариве кошарка/ракомет, годишните времиња и така. :)
    Ќе почнам да пишувам и римата сама ќе се реди, таа ме носи мноооогу далеку ... :angel:
     
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Инспирација

    Се живо и диво ме инспирира, само да си го уклучи човек главчето, да ги шутне катастрофиве и да разгледа, тоа е друг свет. :D
     
  12. inuska

    inuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Многу често добивам инспирација. Обично пишувам мали текстови кои се поврзани со животот, општо. Малку сум мрзлива, но не дозволувам тоа да ме надвладее. Обично пишувам тогаш кога имам највеќе обврски. Летово, немам напишано ништо. Иако понекогаш седнувам со тетратката и со пенкалцето, едноставно зборовите не доаѓаат. Знам и да седнам во паркот и да ги набљудувам луѓето.. Пробувам да откријам каква мака носат во себе и да направам своја приказна од тоа што сум го видела. Искрено, во последно време малку го запоставив тоа, да го наречам хоби.
     
  13. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Добивам инспирација од љубовта.
    Љубовта ме инспирира да пишувам..
    Првата платонска љубов,вистинска љубов меѓу двајца кои се разделиле и на крајот повторно се заедно и сл.
    Во последно време инспирирана сум да пишувам за љубовта на мојата тетка и тетин (Српски војник кој бил на служба во селото од каде што потекнуваме) кои покрај сите пречки успеале да бидат заедно,и ден денес се.Ако некогаш и напишам книга ќе ја подарам и ќе ја изненадам,во потрага сум по повеќе податоци и нивни доживувања.
    Инспирирана сум и да пишувам за животот на баба ми,која за време на породувањето останала без мајка.Нејзините маки,страдања како сирак и сл.И за крај лошата маќеа како во приказните :)...
    Имам многу инспирација,барам слободно време и почнувам да пишувам :)
     
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Инспирацијата или ја имаш или ја немаш, или доаѓа или не.


    Кога и се сака на неа тогаш, не кога јас сакам да пишувам. Секогаш е така.
    Некогаш случајно не осетно ќе почнам да пишувам, а понекогаш се трудам и не бива.
    А од што доаѓа, само таа си знае :lol: понекогаш од среќа понекогаш од тага, а најмногу од спомени и соништа. :bow:
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Се сложувам со Кенди.
    Кај мене инспирацијата доаѓа од 4 работи: преголема среќа, длабока тага, болни спомени и неостварени соништа (дури и оние кои будно ги сонувам).

    Си запишувам се‘ на телефон во пораки, па откако ќе ги препишам истите на компјутер - ги бришам од телефон. Не сакам друг да ми ги чита понекогаш несврзаните мисли. :)

    Исто така, инспирација добивам од музика. Најчесто тоа се Hide and seek на Imogen Heap и песните на Radiohead.
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gita223

    gita223 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    8
    Секогаш добивам инспирација на најразлични начини. Понекогаш од нежните зборови на саканиот, понекогаш од тагата и осаменоста, а понекогаш кога ќе се задлабочам во мислите. Секој збор, секоја емоција ме тера на пишување или на цртање, бидејќи мојата желба за изразување е огромна. :)
     
  17. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Најчесто од музиката !
    И од среќата, тагата, емоциите.
    Инспирацијата ми доаѓа од секаде, секогаш различно.
    Понекогаш дури и само еден поглед низ прозорецот може да ми ја поттикне фантазијата и да ме инспирира за пишување. :)
     
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Не ми требаше да го прочитам ова, одамна ми се врте во главата.

    Јас си имам една криза, инспирацијата никако да ја зауздам. Ќе врие во мене, ќе направам генијални реченици од неа во главата, ама да ги напишам :shake: Највеќе ќе издржам десет минути пишување, додека не ми падне притисокот, не почне нешо да ме чеша, или па жешко ќе ми стане, ќе оставам се и ќе излезам надвор.

    Криво ми е, дека има многу за што би сакала да пишувам и не би сакала да излезам од форма.

    Пишувањето во пубертетските години е една од најегостичните ствари, обична китка за пред другите. Али ако продолжеш и понатаму, знаеш дека тоа е тоа, тоа е талент. Едино ако цел живот не си во пубертет...
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss.Baller

    Miss.Baller Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    56
    Секогаш кога ќе ми се случи нешто што ќе ме повреди, нешто што ќе дознаам дека на некого му се случило нешто, кога ќе видам луѓе кои имаат многу поинаков карактер од мојот, или пак се несватливи, повредени, издржливи. Пишувам како мали текстови, приказни кои ги зачувувам во компјутерот и излегуваат како сопствен дневник, се обидов да пишувам дневник но не успевам секој ден да напишам нешто, прво од што ме мрзи, второ од што не ми се случува секој ден нешто различно. Емоциите се оние кои преовладуваат најчесто за поттикот на текстовите, а потоа доаѓа прашањата за животот, и карактеристиките на човекот. :)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Нешто што сакам да го кажам или некое мое моментално чувство.Некој интересен или тажен настан...
    Зависи некој кого сум го сакала а тоа тој не го знаел некој што ме повредил зависи од темата моментално добивам инспирација...