Јас инспирација црпам од се... Делата што ги имам напишано ги пишувам по неколку години. Кога немам идеа за понатаму едноставно застановам, но наеднаш предизвикано од некоја ситуација во животот, сцена од гилм, мелодија од музија, реална ситуација од мојот или животот на моите најблиски и седновам и можам да напишам над 50 страници од еднаш.
Пишувањето ми е прва љубов. Пишував порано многу повеќе, ама последнава пола година не можам реченица да извлечам од мене. Ке ми дојде инспирација, ќе смислам одличен концепт и кога ќе седнам сето тоа да го запишам, не можам, нешто ме кочи. Се борам со себеси, пиши избриши, и пак, и пак, и пак и не можам. На крај бришам се и дигам раце. Знам да прочитам нешто мое, старо и се прашувам како сум успевала. А ме боли, многу ме боли. Имам толку работи што сакам да ги кажам и никако не успевам. Некогаш пишувањето ми беше излез. Сега? Сега веќе не знам што воопшто правам со себеси, не пак да ги средам мисливе и преточам на хартија.
Сакам да пишувам...можеби не ме бива многу за пишување но сакам да пишувам и во слободно време пишувам состави, песни.... Најголема инспирација добивам од животот..
Инспирација наоѓам во ситници и во силни емоции. Често многу мојот свет влијае на приказните кои ги пишувам зошто тој го прам и земам елементи од таму, многу нормално. Највеќе земам од самата себе и од работни битни за мене и ударно емотивни, а останатото е само игра на зборови. (Во многу од нив сум самата јас во ликојте што ги створам)
Инспирацијата за пишување ми доаѓа длабоко од срцето. Од моите желби и емоции. Начинот на кој сакам да се одвива мојот живот и начинот на кој се чуствувам во моментот. Полесно ми е кога тагата ја излевам на хартија или среќата ја овековечувам во страниците на мојот дневник. Една од моите најголеми инспирации е и љубовта, таа моќна вибрациона енергија која го движи светот и му дава сила да продолжи напред.
Јас секогаш пишувам без концепт.Едноставно добивам инспирација од некоја слика,песна,случка,од само еден прочитан цитат и сл.Не ми се случува тоа секој ден,ама кога добивам инспирација едноставно не размислувам каков завршеток би имало,само пишувам и пишувам додека ми течат мислите на таа тема,мотив а потоа правам еден мал римејк,во случај на грешни или нешто да сакам да додадам,променам.И се разбира во секое пишување мора да искажам некои лични чувства,само така мислам дека она кое сум го напишала има вредност.
Eдноставно од ништо. Kоа ми се пишува зимам лист и пенкало седнувам и мислите ми идат...немам некоја посебна процедура
инспирација црпам од тишината. Да бидам поконкретна инспирацијата најчесто ја пронаоѓам во моментот кога се соочувам со своите стравови и желби што не мора да значи дека секогаш е така. ПОнекогаш инспирација ми доаѓа од обичен пердув од гулаб
Јас обожавам да пишувам.Црпам инспирација од секојдневниот живот.Веќе долго време немам пишувано ама се мислам да почнам повторно
Умеам да пишувам и сум горда за своите успеси. Секоја мотивација, инспирација и кративност ја влечам од секојдневието, малите нешта, природата, панорамите и моите големи емоции. За човек кој што поседува сетила за кративност и што успева своите доживеани чуства да ги влече на лист хартија би бил секогаш успешен во оваа област. Творењето е дарба кој не секој ја поседува во себе, и затоа оној кој ја поседува би требало да ја искористи до максимум, секоја мотивација е потик за добар збор, секоја инспирација е потик за интересно парче текст кој опсипува со спокој и милина кај секој креатор.
Здраво! Дали имате свои сајтови каде пишувате ? ас обожувам да пишувам и најчесто пишувам на wordpress но поради обврски долго не се логирав и го заборавив pwто Сеа планирам нов акаунт да направам, ако иматѕе и вие ваши дела споделете ги.Сакам конкуренција
Пишувањето е уметност на зборот кој произлегува од индивидуалната духовна наобразба како препознатлив белег за творецот. Креативноста е сплет од талент и творење што се отсликува на парче хартија каде што белината се обојува со четката на чувствата, спознавањата, искуствата и создава цртеж од настани со своја порака... Творењето е моќно вербално средство за оние што поседуваат способност на необичен начин да создадат текст од обичното секојдневие. Интересот и љубовта кон пишаниот збор се мојата прва средба со самата себе. Инспирацијата е насекаде околу мене, шарените камчиња, двобојната наметка на небото, цветната покривка, летот на птиците, ракувањата на минувачите, таинствените насмевки, сивиот плочник, брзите чекори, мирисот на годишните времиња... Животот е вешта игра на моќни зборови.
Инспирацијата... Ernest Hemingvej ... Poslednje što je rekao ženi bilo je: „Laku noć, mačkice moja,“ i odjavio se.
За двете книги што ми пропаднаа не вреди да споменувам, всушност и не се ни сеќавам како добив инспирација за нив, а сега за оваа книга за која сеуште смислувам наслов, ликови, места и понатамошни настани, добив инспирација сосема спонтано, една вечер додека миев заби и се спремав за спиење. Често знаам да си забегам со паметот и да си направам некое филмче пред да заспијам па така и тогаш само што тогаш си реков - Чекај малку, па оваа идеја ти е толку добра што можеш да ја обработиш, да ја надградиш, да ја средиш, да ја спакуваш и да си напишеш книга.
Доаѓа од некаде, од некој внатрешен порив од ништо да создадеш нешто. Отсекогаш ме воодушевува самиот процес на творење и некогаш дури се изненадувам самата себе. Колку повеќе пишуваш - толку подобро пишуваш. И за пишувањето покрај талентот потребен е и тренинг и постојано вложување. Не следам некои правила или стилски фигури да се држам стриктно до нив, но знам да си воведам рима и по некоја стилска фигура ама онака од мерак за да ми звучу поубаво. Секогаш пишувам што мислам и пишувам со емоции, како да пишуваат тие место мене знам многу да се водам од тогашната емоционална состојба и со таков тон ми се и делата кои ги пишувам. Повеќето се љубовни, некои знаат да бидат мрачни и неразбирливи, а некои толку едноставни, но со силна порака. Знаете веќе каде може да ги најдете моите „креации“.
Сакам да пишувам и пишувам. Обично најубавите текстови ми се испишани во моменти кога сум тажна. И наместо да плачам, јас пишувам. Па сето она што ми стои длабоко во душа го пренесувам на хартија.
Кога пишувам поезија го преточувам едноставно моето срце во зборови. Што зборува тоа, тоа пишувам... Прозата е поинаква, кај мене има доста влијание литературата која ја имам читано. Кога сликам, би рекла, ги сликам своите мисли.