Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инспирација за пишување

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од anastasija85, 24 април 2011.

  1. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Јас немам поим. На моменти само од себе ми доаѓа и ако не го запишам тогаш нема шанси потоа да ми текне.
    Не можам во телефон да пишувам, друга е магијата кога држам пенкало :D
    Ме зафркаваа другарките да шетам со тефтер под рака
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  2. The Black Rose

    The Black Rose Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Не можам да кажам дека сум неверојатна во пишување. Но едноставно понекогаш, колку и да е "глупаво" , имам потреба да го напишам. За мои години мислам дека размилувам доста зрело, и се надевам дека еден ден ќе имам сопствена приказна и дело, кое ќе можат да го прочитаат и другите. Инспирацијата за пишување доаѓа од ЖИВОТОТ. ;)
     
  3. Lena19

    Lena19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2015
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Te Cekam

    Gi trijam racete edna od druga, kako da imam pepel niz prstite, nekakov ostatok od jaglen koj svesno znam ne sum go doprela no nekako e zaglaven tuka niz prstite, go cuvstvuvam..

    Mina nekoe vreme, dolgo ili kratko seedno, minato e pa taka ne mnogu sobiram sila da mislam na pominatoto, sega ziveam vo momentot koj kako od inat ne se zadrzuva nikogas, i toj si minuva pa taka zaglavena sum nekade pomegju segashnosta i momentot koj samo sto si zaminal. Konfuzni se zborovive, te pepel , te minato, te segashnost, se napregam da bidam pojasna, no ne e taka lesno.

    Cekam sekoj den na nekoja napustena avtobuska stanica nekoja dolgoocekuvana pratka za mene, podarok koj sekogas go sakav sto sekogas go zamisluvav, barem da se kupuvase so pari... ce go imav!
    Barem da mozev da go osvojam vo nekoja bitka, ce pobedev bez somnez. Segasnosta e svetla i cista , a sekoj mig vo koj se naogjam e nalik na bolka, zosto e toa taka, zosto?

    Imam nasobrano ljubov i cekam da ja podaram, da ja pomnozam i da se zaljubam vo zivotov odnovo kako nisto ubavo do togas da ne sum videla, cekam jas i mojot soprug da ja doziveeme nashata zaednicka prva ljubov, pa taka ljubovta da ni se izmesha vo krvta niz venite na toa malo covece koe go dovikivam so sekoja svoja kletka.

    Placam kako po navika, bez ekspresija po licevo solzive si kapat, placam od bespomoshnost i strav, priznavam se plasham da ne sum zaboravena, se plasham kako malo dete.

    Samo sto ja doslushav pesnata koja ti ja posvetuvam tebe malecko i ce ti ja pustam eden den i toj den ce ti raskazam kolku mnogu dushava mi te sakala pred i da te pocuvstvuvala. Sega ostanuva da ja potpevnuvam so poslednive solzi pred da zaspijam mozebi denes ce te sonuvam...”A kad mi dogjesh ti, i osmeh vratis mi, sva patnja i bol zivota mog ce prokj, u nokjima bez sna ja tebe dozivam, da dogjesh mi ti i kao svi pocnemo mi mirno zivjeti...! “
     
  4. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Recisi sekoj den pisuvam po nesto.
    Imam dnevnik na mojot zivot ili mojte custva, sekako moze da go narecam, vo koj zapisuvam najmalku ednas nedelno nesto interesno sto se slucilo ili nesto sum procitala pa dodavam moj koment, nesto sto sum videla ili nesto sto me zacudilo ama ne sum sakala da go komentiram ama vecer ke si go iskomentiram na moj nacin I pritoa nikoj nema da me prekinuva I se obiduva da mi menuva ili nametnuva mislenje,...

    Sekogas pri raka imam nekolku tetratki, nekoj od niv go opisuvaat mojot zivot preku crtez, tie isto taka se interesni na svoj nacin.

    Pisuvam familijarna saga so accent na pokojna baba koja za svoe vreme bese avangarda, go pisuvam nejziniot zivot, sekavanja na nekoj nejzini kazuvanja od nejzin aspect, nejziniot neobicen ljuboven zivot, nejzinata sreka, zadovolstvo, blagodarnost na sekoj izminnat den,..... Toa se sega za sega samo fragmenti koj vo idnina ke bidat sredeni.

    Zapisuvam ubavi inspirativni misli, zapisuvam preporaki vo oblast na kariera, preporaki za podobar zivot, preporaki za odmori, recepti,…… bezkonecno.

    Najmalku po eden cas sekoj den potrosuvan na bilo kakvo pisuvanje I zapisuvanje I bez toa neznam dali bi mozela da funkcioniram.
     
  5. AnnabelLee

    AnnabelLee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Од "drive-ot" во луѓето, посебно кога е emotional drive.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Обично кога сум тажна, лута, нервозна и сакам да се опуштам така што на парче хартија ќе ги исфрлам сите мисли и емоции...
     
    На BlackMistery и Moon.Girl им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    12.407
    Пол:
    Женски
    Да не знае некој/а кога обично има некој конкурс за објава на книга? Ѕирнав баш за конкурсот за наградата "Бели Мугри" од претходни години и обично ноември е..Други да не знаете кога ги има, колку често итн.?
     
  8. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    1.451
    Пол:
    Женски
    Од врмето,моите чувства,некоја песна.Понекогаш пишувам и без инспирација онака...сама од себе.
     
  9. Ljubopitnataa77

    Ljubopitnataa77 Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2018
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Zdravo dami, neznam dali se obrakjam na vistinakoto mesto no mi treba poezija napisana na tema praznikot 6ti noemvri ili uste poznat kako praznikot na grad Valandovo.... dokolku nekoj go biva za pisuvanje neka mi pishe vo dm da mu kazam shto se treba da ima vo poezijata.... Ke ve zamolam za pomos, mnogu mi e vazno ova:(:l:
     
  10. xplady777

    xplady777 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Мир

    Не сакав да ѕирнам во душите нивни, да ги разберам тие мисли и разврат. Не сакав, знам дека е заразно. Зошто да се валкам, кога со години се чистам.. од мисли, од гревови, од маснотии, од јад. Ситни души, полу-луѓе, полни со туѓи проблеми и брзи досетки. Ќе ги познаеш по суратот, радознал и жив. И не, не е тоа амбиција, тоа е болест која се нарекува злоба. Доцна е веќе, кога тие ќе се освестат, и ќе сфатат дека натпреварот завршува за сите исто, во црната дупка, црвлива.
     
    Последна измена: 8 јуни 2021
    На Pal4ee и ушко им се допаѓа ова.
  11. Зегзи

    Зегзи Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Кога еднаш ќе ти го скршат срцето, и ти е претешко тоа е доволна инспирација за пишување, тоа е доволно да го направиш неговиот/нејзиниот ,,погреб". Еве дел од песнарката која ја пишував додека си ги лечев раните...
    Ете…и таа работа се заврши,
    но, да почнам отпочеток…
    Долго го спремав закопот,
    не знам што си мислев,
    не било лесно,
    не се закопувало човек туку-така.
    Прво беше барање поволно гробно место,
    (небаре покојникот знае каде лежи)
    потем копање дупка, доволно долга и широка,
    а за да биде работата беспрекорно завршена,
    ги засукав ракавите,
    па копав секој слободен миг,
    меѓу две напуштања
    и плукнати навреди.
    Рацете ми огрубеа,
    земја во порите ми се изнапика,
    колку и да триев и со жешка вода миев,
    со црно под ноктите легнував.
    Нејсе, потоа тешко ми беше ковчег да ти најдам,
    некако сите големи ми се гледаа,
    но откако почнав да го полнам со сите лаги,
    скршени ветувања,
    валкани спомени,
    кошмари и стравови,
    се уплашив да не треба уште еден да купувам,
    а тоа веќе ќе беше голем проблем и уште едно копање,
    та решив да натиснам се’ внатре,
    седнав врз него со сета тежина и едвај го затворив...
    (Доколку некој се заинтересира цел би му ја пратила) Пријатна вечер пријатели :inlove:
     
    На xplady777 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. xplady777

    xplady777 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Што ти е болка?
    Ќе те подјаде ко црв, и не ќе ти даде воздух да земеш. Ќе те натера да си го преиспиташ изборот на фустан за полуматура и да си ги згрчиш цревата во јазол. Не, подалеку од таа болка, со налик на насолзен поглед. Не погледнувај ја во очи таа болка, ќе те маѓепса за миг..и тогаш.. од врвот си долу, од здрав си болен, од среќен си горчлив. Ќе те направи дете, ненаспиено и ненајадено, ќе те оттргне од сите, дури и од самиот себе. И така сам, со болката, и со неправдата тешка цел еден свет, ќе тонеш во твоите сомнежи, за тебе, за мене, за секој атом од цел еден свет.
     
    На ушко му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    12.627
    Животот, општествено - политичките прилики, љубовта, татковината, луѓето...
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Сакам да пишувам поезија малку, имам инспирација и тоа убава, ама не сум по такви работи. Состави, есеи знам. Песни не баш. Неќам да биде јадна :D Совет некој како да се подобрам :smirk:
     
  15. Космонаут

    Космонаут Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Еве некои работи кои се ценат во добрата поезија, на кои можеш да внимаваш при пишувањето:
    - да има звук, но и значење
    - помалку да е напишано, повеќе да е кажано
    - да немаш наративност во песната, односно да не раскажуваш
    - употреба на метафори, метонимија, на стилски фигури што не се само анафора, рима, за ова препорачувам вежби како на пример одбери некој предмет да речеме јагода и споредувај го со работи на што те потсеќа, пример Конески ја споредува со женските усни. Симболи - кај Радован Павловски имаш зрното како симбол за живот, за раѓање на луѓето
    - насловот - кој може да биде решението на загатката во песната (без насловот да не е препознатливо кое е значењето на песната)
    - можеш да експериментираш со различни форми на поезија, пример обиди се да напишеш елегија, сонет, хаику, поема - може некоја од тие форми ќе ти лежи ќе се пронајдеш таму
    - читај поезија, анализирај што ти се допаѓа кај другите поети и што не ти се допаѓа за да го избегнуваш
    - има кај некои луѓе природно доаѓа тоа, кај некои луѓе треба повеќе да размислуваат и со аналитички пристап да настапат кон поезијата, затоа ти препорачувам да прочиташ од Едгар Алан По „Филозофија на композицијата“
    - друго нешто битно, што мене не ми се допаѓа кај новиот бран македонска поезија, ја третираат како пишување дневник, јас ја нарекувам карантинска поезија, исто така употреба на клише работи за денешницата, односно само теми како феминизам, транс права и такви чуда за сериозните читатели изгледаат многу патетично
    За други мислења, совети и критика ако си расположена пиши ми во порака. Не сум поетеса, ама сум филолог (книжевен теоретичар, критичар). Можам да ти посочам подетално примери и да ти го пратам текстот од По ако те интересира.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    12.627
    Видов како форсираат книга која е во суштина квази поезија. Кога си имаш врски, на пријателска база ќе ти објават книга и ѕвезда ќе те направат. Песните се вака некако, карикирам:

    „Ахх, денови,
    има убави денови,
    има лоши денови,
    денови што се паметат,
    денови што болат“.

    И така реденка од преку 20 стиха, значење никакво, порака никаква, се вратат 5-10 зборови од што авторот е неначитан, нема ни речник. Ова карикирам, ама сите песни се такви, долги, растегнати, стилска фигура нема никаде, патетика до бесвест, граматички грешки колку ти душа сака, а позади нема биографија, оти авторот не ни има некоја кариера, туку самиот автор се пишува поезија, а се нарекува писател. Писател е тој што има и прозни дела, а тој што нема објавено проза, а има поезија е само поет. Буквално возрасни луѓе пишуваат како да имаат 12 години и тоа се форира како најдобро...Како што кажа @Космонаут aко мислите дека имате талент, читајте од постарите автори, Конески, Петре М.Андреевски, Анте Попоски, Клетников... Сега има наплив на поезија, има квантитет од младите, квалитет поретко. Од младите земете книга од Јосип Коцев да видите како се пишува. Инаку, @Космонаут има талентирани луѓе кои не знаат по дефиниција што е метонимија, ама ја користат затоа што природно така им доаѓа. Талент, тоа не се учи, вродено е.
     
    На st-el и Космонаут им се допаѓа ова.