Инспирација и мотивација

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од LanaSGirl, 15 јуни 2016.

  1. LanaSGirl

    LanaSGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.072
    Пол:
    Женски
    Hello! :D
    Пребарував на форумов и не најдов ваква слична тема никаде.Ако случајно има избришете ја мојава..
    Од што највише црпите инспирација и мотивација, од кого? Кој е вашиот инспиративен "лик" ?
     
  2. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.955
    Допаѓања:
    37.323
    Јaс немaм некoјa пoсебнa личнoст кoјa ми е инспирaцијa или пa мoтивaцијa. Ситни рaбoти или непoзнaти личнoсти кoи ги среќaвaме вo секoјдневиетo мoжaт дa ми бидaт дoстa гoлемa инспирaцијa.
     
    На jasna83, elimkd, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.643
    Допаѓања:
    49.282
    Пол:
    Женски
    Инспирација ми се рандом личности од секојдневието. Еден постар колега од факултет ме инспирира да истражувам повеќе, да дадам шанса на некои работи на кои претходно не сум им дала, да размислувам повеќе и да создадам став за речиси секоја ситуација, да не дозволам да кажам дека нешто не знам или не ме интересира. Ова е само еден пример од многуте.
    Освен тоа, мотивација ми се моите родители, да ги направам горди, мојата фамилија, да видат дека јас можам, а потоа и на останатите да им покажам дека можам да бидам успешна. Ме мотивираат и личностите со кои не се сакаме и прават да бидам секогаш силна, за инает да не дозволам да ме видат на колена.
     
    На elimkd, Victorian и LanaSGirl им се допаѓа ова.
  4. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    658
    Пол:
    Женски
    Инспирација најчесто добивам од самата себе. Знаете од оние длабоки размислувања во себе. :)
     
    На Florenсе и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Инспирација најмногу добивам од оние кои биле "ништо" а денес се стварно луѓе цврсто застанати на нозе. Тоа ми се свиѓа многу, и ме поттикнува во основ на: Ако можеле тие можам и јас.
     
    На Florenсе му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.805
    Пол:
    Женски
    Инспирација и мотивација за што поточно ?
    Ете јас понекогаш сама си се мотивирам си вика ајде ако правам тоа и тоа ќе испадне убаво ќе бидам среќна, ама не секогаш оди се по планот.
    Не сакам да идолизирам никого, во поглед на тоа што јас сакам да го постигнам и имам.
    Инспирација и мотивација имам за љубов само, си го фаворизирам Леонардо ди Каприо, а во многу наврати сум кажала и зошто.
     
  7. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Се трудам да сум инспирина и мотивирана. Зошто преубаво се чуствувам тогаш.Најчесто кога имам некаква непријатна ситуација за да се смирам и да си ги средам мислите барам инспиративни цитати на интернет најчесто на јутјуб. За мене како инспиративен лик би ја издвоила Ана Бучевиќ- хрватски мотиватор, има околу 400 видеа објавено на нејзиниот јутјуб канал за различни животни ситуации.Ми ја препорача една феминка кога се соочував со големи семејни проблеми.Мене Ана некако ме инспирира, увек ми е насмеана, ведра, позитивна, зрачи со некоја посебна енергија и сето тоа мене ми дава инспирација.
    Иако инспирација можат да бидат и рандом личности од секојдневието. Исто така јас кога сум инспирирана и мотивирана секогаш сум у добро расположение позитивно влијаам и на луѓето околу мене. Неколкупати рандом луѓе ми имаат кажано како сум им го разубавила денот со мојата ведрина и позитивност. И тоа мене уште повеќе ме инспирира - кога знаеш дека некому токму ти си му инспирација.
     
    На BabyStyle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lana666

    lana666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    55
    Инспирацијата доаѓа кај мене од длабоките размислувања и инспиративни пораки. Доста инспирација црпам од книгите на Коста Петров.
     
  9. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    7.409
    Пол:
    Женски
    Инспирација црпам од луѓето кои секој ден ги среќавам.
    Мотивација црпам од дешавањата што ми се случуваат...
     
    На Gushkalo му/ѝ се допаѓа ова.