Ја отварам темата со цел да објавуваме што јадат нашите бебиња/деца преку слики Идејата ја добив од @AngelOfArh бидејќи спомна дека сакала да креира бебе блог,па еве ова може да биде почеток Пожелно е покрај сликата,да напишете за која возраст е оброкот За почеток,нешто од мене Брокула и ориз 10+
Браво за темава Не би било лошо да се напише и рецепт под сликите На пример ме интересира околу мафините,палачинки и слично Гулаш со макарони
Браво за групава! Од утре ке ви се придружам и јас. Ми се допаѓа предлогот на @simonka93 кај сликата да пишуваме возраст на бебето/детето и рецептот, за да не се препрашуваме.
тестенини со сос од домати и тиквица (10+, но,за доматот некои сметаат и 12+,јас се водев според бебе готвач)
Денешниот овошен појадок. Банана Јаболко Урми Јагоди Цреши Овесни снегулки Јадењево би го пишала 12+ заради јагодите. Иначе синко е 2,5 години @ilyan кога има овешен доручек редовно го давам блендиран бидејќи нема шанси да изеде толкава количина на овошје ако е на парчиња. Иначе др јадење јадеме ни блендирано,ни пасирано само овошниот доручек кога го има е блендиран.
Еве некои оброци од мене. Макарони со спанаќ, морков, малку пашканат, домат и една лажица кисело млеко. Не изгледа убаво, ама му е омилено и превкусно. Печен ориз со тиквица, златна мешавина и домат. Палента во калапи со спанаќ и крем сир.
Ќофтиња со пире Јас повеќето работи ги блендирам или во сецко правам Кога се големи парчиња не јаде голема количина и има нагони за повраќање
Мојата има 2 год и не сака ништо блендирано нити кашесто,кога ќе види така вика "повратам". За другово не ми е проблем,туку за овошјето,сакам да и давам смуди , но одбива и ништо друго освен банана и јаболко не сака да види. Еве веќе цела година така тера само со овие две овошки..... Исто така свеж зеленчук не сака,сака се во вид на манџичка ,супа и сл... Месо слабо јаде,иако имам секогаш на располагање домашно,барем редовно јаде домашни јајца,па тоа малку ме теши. ХГБ и е супер,но сепак сум загрижена за апетитот.... Млеко не пие,само јогурт и кисело млекце.... Сок не пие.... Маки мачам женички,до кога вака незнам....
Домашен овошен јогурт -кисело млеко -вишни -праски - по малку мелен корнфлекс и мелени овесни и јачменови снегулки
Од денес. Макарони/ шпагети со сос од телешко, кромид, морков и домат. Домашен овошен јогурт- боровинки, банана, кисело млеко и овесни снегулки.
8+ за појадок Булгур со овес и банана 50 гр. булгур Една лажица овесни снегулки Пола банана Кокосово масло Се варат житарките заедно па се блендираат заедно со бананата и маслото.
8+ за ручек Зелено пире 1 млад компир помал 2 глави проќељ 1 брикета спанаќ 1 китка брокула Малку маслиново масло
Една помала банана, пет вишни (замрзнати домашни) - лупени и рендани, една лажица мелени овесни снегулки накиснати во сокот од вишните. 8+