Доручек: цреши, кајсии, киноа и цејлонски цимет. Ручек: брокула, карфиол, пашканат, тиквичка, ориз и путер.
Цејлонскиот е чист цимет, а обичниот има примеси и нечистотии, мислам дека содржи и кумарин кој е еден вид токсин меѓу другото.
што убави каши им спремате на бебушите! а мојава беба засега не е некој јадач, си љуби цице повеќе! Ќе си пукнам од грижи оти нејќе да јаде. Еве дадава што вчера ручаше ( месото напола, ама доволно беше, другото маф)
Еден совет - подобро дај обично младо сирење отколку зденка. Оти зденката се прави од расипани сирења и млеко што им ги враќаат во фабрика.
Бебе 8+ Доручек: банана, кајсија, јаболко и бисквити сликано при крај Ручек: боранија(прв пат), морков, тиквица,пиперка и лук.
Јајце,домат,абц и леб Тиква,ориз и пченка на холе со мисиркино,лук,путер и магдонос Палента и кисело млеко
Додека префрлам слики, еве што се нашло по телефон од периодов Ова за еден мал батко што дојде на гости Просо, авокадо, круша, сува слива и жолчка
Доручек: јаболко, слива, просо и цејлонски цимет. Ручек: грашок, компир, тиквичка, морков, кромид и маслиново масло.
Бебе 7+ 8 Житарки Нестле со ад млеко, варена круша и јаболче. Останало време за да редактирам. Ручекот: Цвекло, морков, лукче и компир + маслиново. Ама е црвена
@*Лорена* ама вкусни јаденца сте ручкалее... нјам нјам! Ептен убаво изгледаат. Ете нашиот ручек (ќерето не љуби боранија ама мама е упорна)
Бебе 8+ Доручек: гриз, бисквити, цреши, кајсија и јаболчиња петровчиња Ручек: телешко(прв пат), морков, кромид и компир. + Маслиново масло