Како го правиш намазот и од како и го даваш од колку месеци? Од кои житарици 4 вида и даваш од оние во кутија што се ?
Авокадо, маслинки 3-4 излупени, малку лукче, цеден сок од лимон, една лажичка маслиново масло ги блендирам. (можеш да додадеш магдонос, сол, и др зачини по избор) Прв пат и дадов некни има полна годинка инаку и го дадов со лепче.
@kristii од ДМ ги купувам не се во кутија. Просо, банана и една урма. Житарки, банана, пола јаболко и 1 урма. Бебе 11+ Ручекот е спремен ама бебе се успа, денес за прв пат ќе дадам грав.
@SofiMar_ @danichap оф топик...како сте задоволни од кутијата bent go kids, така мислам се викаше? Има ли доволно место за појадок и ужина да се стави во неа?
За сега одлична е. Доколку малото ти е јадач, не би ми била прв избор бидејќи дупките каде се става храна не се многу големи. Истото и Софи ми го кажа и во право е. Кај нас, за големата, е одлична. Презадоволна сум. За нејзе си е таман.
Бебе 11+ Круша, ананас и боровинки. Телешко месо, домат, палента и млад кромид. Ананас, диња, боровинки и грозје.
Не е посебен, од тој што имав дома ставив малку за прв пат. Инаку сигурно има био кокос ама не сум побарала.