Не сака неблендирано Не иде нит во градинка од таа причина. Некогаш ќе грицне лепче ама друго нема шанса. Страшно
компир, морков, пашканат и путер за бебо ( одвај десетина лажички) - домати каша и ќофтенца за дадата ( со сласт изедено)
Не е од денес, ама толку време имам... денес не сликнав, малку хаотична ноќ, хаотичен ден имаме Доручек: Печена круша, рендана свежа јаболка, мааалку банана за блажина, овесни снегулки, малку кокосово. Ручек: Ориз, морков, кромид, пилешко и два листа блитва + маслиново.
Како ја правиш кашата од домати? Син ми несака свеж домат, па вака можеби ќе му подметнам. На здравје!
Доручек: Палента,путер и к.млеко Слика немам Ручек: Брокула,морков,компир 2 кругчиња,ориз малку,маслиново При подготовка си поиграв малце
Бебе 8+ Д: На пареа праска, јаболко и сува слива, блендирано со банана, ржани снегулки и малку кокосово. Р: Батат, многу малку лукче, пашканат, телешко + маслиново, варено се и блендирано. Њам њам си правеше дури, ова омилено и е