Цело варено јајце, пола авокадо, сок од пола цеден лимон, малку бибер, малку сол и маслиново масло од око си ставав, блендирав во нутрибулет, ама беше со грутки и се испозалепи од страна, па го ставив во сад и со рачен блендер вака супер мазно излезе Лук иде тука исто така, ама јас не ставив... Преубаво е вака, кркавме заедно..
Нема да јаде парчиња модар домат или боранија,тиквица на пареа. Само риба и компир така јаде. А појадок и вечера сака парчиња,ама да го ранам тој рака да извалка никако.
И јас давам нешто блендирано нешто не. А дете џвака секако. На пример кога правам златна мешавина зеленчук со телешко го блендирам оти така побрзо и повеќе јаде онака се заморува џвакајки ги сите ситници и месото а знае и месо така да јаде му давам у рака и грицка ама така не јаде баш доволно количински Му блендирам и авокадо и банана и гриз со нешто Односно тоа што сметам дека е полесно за јадење му го давам така оноа блендирам ама блендирам мн ретко..
Многу сакам супа со лебче и фиде вака Ама убаво изгледа, гладна како што сум... пушти една чинија навака
За прв пат Тавче Гравче за мама и ќеркиче 13+ За ќеркичето само прстоват хималајска и 1/2 лажиче босилек За мама све што постои од зачини
Доручек Житарки, круша, банана, аронија Ручек Домат, кромитче и модар домат динстани со маслиново плус печена пиперка и жолчка
Намаз од авокадо со леб по рецепт на @mariz Малата го пребендиса изедени две лепчиња со намазот, дури и прсти лижеше потоа : Спојлер: Доказ :)
Да ставам слика од доручекот, зошто ручекот и вечерата незнам дал ќе имам време со подготовките да ги сликнам Доручек Овесни снегулки потопени во каша од диња, праска, урма
Доручек : овесни снегулки ,јаболко,круша,цреши,аронија ,малку семе од коприва и маџун. Ручек : чорба од телешко,морков,тиквичка,брокула, фиде ,суво нане и малку лимон.