Не е некој сјаен состав, не е нешто фантастично, ама за замена некогаш за над макарони, пица, го користам. Инаку напред од страничниот дел на рафтовите стои во Рамстор мол, ке прашаш и од вработените, знаат.. А инаку зашто не за сојата? Не сум ја користела до сега, но слушам повеќето дека не сакаат да ја користат, зашто? Вчера свекор ми ми земал некое Тофу, соино сирење...
Ахам... поима немав, не сум прогуглала дека не сум користела. А сум слушнала дека не го користат, па и млеко кога зимам, зимам кокосово, оризово, бадемово, а соиното го скокам. Баш сега ке прочитам за сојата повеќе...
Доручек Хип житарка со јаболка + крушка и авокадо Ручекот се спрема - пилешко со тиквица, морков, компир, пиперка и брокула една трунка (да ја дотрошам да не ми стои во фрижидер) Кромид ќе одеше убаво, ама немам дома. На крај само маслиново ќе додадам.
Цреши, праска, аронија, семе од коприва и гриз. Телешко месо, благ/обичен компир, цвекло, тиквичка, бамља и путер. Батат, круша, тиква, гоџи и маџун.
Хахаха ме насмеа Ели не цела , помалце од пола одприлика и малце од компирчето . Другото за мама останува.
Ручек за бебе 9+ Ориз, тиквичка, малку зелена пиперка, лукче, жолчка + путер. Ептен и се свиѓаше комбинацијава
Доручек Гриз, банана, кајсија, боровинки Ручек Мисиркино, модар домат, домат, пиперка, младо кромитче Вечера 5житатки со ад и пола кашичка на дм јаболко и слива. Слика нема едвај чекавме да де најадеме и да шетаме