За паштетата знаев, за виршлите навистина немав поим.. му ставив чисто за промена, да знаев немаше воопшто ни да пробам.. Внимавам колку што можам, моја грешка
@LBC прв пат дадов грав 3 зрна,колку да проба. Немав во моментот со што друго да го мешам. А и не се потресувам многу околу мешањето на намирници,голем е веќе треба уште малку се да јаде. Му давам и сладолед,би му дала и квалитетна виршла еднаш неделно.Ништо страшно,критичниот период помина. Во градинка нема мене да ме прашаат дали запршка да му стават.Што ќе јадат сите,тоа ќе јаде и тој.
Само ручекот не заборвам да го сликнам. Денес на мени гравче со црвена пиперка и шопска. Дете 3 години (Виршли не купуваме и ние, не ни побарал синко,не конзумираме,ама дете штом иде во град со некој друг,веднаш купува кифла со виршла или лепче со колбас(виршла) како он вика па еднаш во месец дозволено е кај мене)
Одамна немав разгледано на темава, браво на сите, многу убави оброци и многу идеи добив особено од оброците за поголеми. А со тие за помали се потсетив на почетоците и возбудата кога воведувавме намирници и првите реакции . Од мене две постари слики, првата телешко со компир, морков и тиквица. Втората варен компир, печена тиквица и ќофтенца од мисиркино плус краставица. Ова од денес, година и осум месеци е синко, тарана во сос од блитва, морков, домат, малку пашканат и на крај крем сирење. Може и за помали, ептен е вкусно, од крем сирењето ама без него, или друг млечен производ, не поминува. И бонус слика омилената ужина, овошје- банана, круша, праска и кајсија.