Ти благодарам. Смесив тесто по овој рецепт https://moirecepti.mk/post/ролнички-со-сирење Потоа го исукав тестото и со чаша го сечев. Одозгора ставив домата, маслинки, младо кромитче, моцарела. Еве слика пред печење како изгледаа
Доручек (витамински ): јаболко,круша ,сок од цеден портокал , малку свежо цвекло и морков , плус 1 лажица маџун и семе од коприва. Ручек: ориз ,блитва плус морков,пиперка ,лук и нане за вкус ,потпечено со јајце со малку кисело млеко. Вечера : гриз ,банана и малку мелени лешници и бадеми (слика нема )
Лебче пржено со јајце плус данско сиренце. телешка коска со малку мевце тук там(почна да не ми го јаде телешкото)компир и грашок со сушен зеленчук лук и црвен кромид.
2 компири кукле пола морков и 3 такви што се кинат од брокула. Малку ставив брокула затоа. Блендирам со нутри околу 10 до 15 секунди. Јас забележав кај мојот кога ставам у тавче малку маслиново со кромитче запржувам 5 секунди и претурам у булентот со вареното го јаде многу повеќе за разлика само од варено оти ваљда има поубав вкус. Блендирај повеќе за да не ти остануваат зрнца мене никогаш не ми остануваат.
Моево јаде блендирано само кога е кашата на сестра и . Седнува и она на столче, пробува да стави лигавче и отвара уста и чека. Ако не и дадам со жални очи гледа и почнува да плаче.
Хаха. Жими што ја изеде кашава мојот уствари почна да јаде па јас си пребрав мојата чинија да јадам филети риба и он си продужи со мене од филетите кашата еве ја стои сигурно ќе ја фрлам се тешам 10 лаж апна ама па филети се изнајаде