Оваа на душогупчани е најблиску до домашна. Јас затоа ја сакам. И јуфките им се убави. Последно во рамстор не ја најдов, во веро јакупив. Само малку е изменето паковањето од ова на сликите. Ама пак е во такви пластично пакована.
Доручек: банана, вишни, какао, гоџи, аронија, гриз. Ручек: риба, компир, морков, магданос, тиквичка, маслиново. Вечера: јаболко, банана, батат, бунгур, маџун.
Овесни снегулки, печена јаболка и тиква, маџун, кокосово и мн малку банана. Супа со лебче, во супата брокула, морков, пашканат, целер, малку лист од целер, посно фиде.
Просо,јаболко,вишни,круша и мед Петле,грашок,цвекло,карфиолкарфиол ,магдонос,лук и путер Печена палента,путер и сирење и павлака
Палентата ја сварив,додадов путер.Додадов рендано сирење и ги правев како кебапчиња,на хартија малку ги печев колку да фатат кора. Однадвор се крцкави,внатре меки.
Доручек: јаболче, модра слива, просо и тапиока. Ручек: телешко мевце, компир, брокула, кромид, морков, пашканат и малку маслоново масло.
Растение е тапиока, од неа се произведува брашно, на интернет читав дека е корисно и убаво за многу работи. Без глутен е, и е погодно за доенчиња и бебиња. Јас земав кутија од Holle, ја чував дур не се распрашав што и како, па веќе почнав да ми ставам на бебо во јадењата.
Цвекло, јаболка, банана и бисквити Хипп Палента, урда и к.млеко Ручек Мисиркино, батат, чушка и домат (слика нема)