Да, јогуртче. Пишува дека има и пробиотик и витамини, иако сум скептична дека е можеби само маркетинг. За едни други, знам дека се поздрави, ама немаат вкус и мора над глава да им стојам за да го испијат, овие оти со разни вкусови ги сакаат.
Овошје не е препорачливо да се дава за вечера , затоа што содржи шеќери , оваа комбинациа супер ти е за појадок на пример ..
Имам пишано зошто вечера не е млечна.. Да не сум оффф.. Доручек: дуња, банана, аронија, гоџи, коприва, маџун, просо. Ручек: зајче, цвекло, благ/обичен компир, морков, тиквичка, путер. Вечера: ќе се шета, што ќе земам од рафт немам појма
Доручек : крушка , гриз и боровинки ( крушата ја блендирав со гризот пошто не ја сака во парче). Ручек:црвена леќа ,компир,морков,лук,кромид,црвен пиперка. Од зачини сушен домашен зеленчук(заборавив кога беше полно чиничето да сликам скроз изеде се). Вечера најверојатно ќе биде мали макарони со сирење и јајце.
Доруче - овесни снегулки, јогурт и ананас и кафето на мама Ручек - издинстани на путер, домат, модар домат, тиквичка и лукче плус мисиркино и карфиол и двопек
Доручек: Просо, јаболко, две зрна аронија, малку семе од коприва, урми. Ручекот не се сликна.. компир, морков, целер, пашканат, домат, телешко и маслиново. Вечера: Овесни прво потопени во малку сок од мандарина па блендирани со круша, пасирана банана, маџун.
Палачинки плус малини и мед Крем супа од тиква Ад млеко, семе од коприва, лино бисквити,ц.цимет и мед