Прво на него ми текна, зашто знам покасно го воведов, па скоро уствари... а знам нејзиното е доста помало од мојава. Плус месо е 7+ и тестенините се 8+ односно глутенот е 8+ Но она го вовела глутенот и онака со џиџи бисквитите. Да не ми се наљутиш Снеже што вака ти се пуштивме на темава, ама совет добронамерен даваме... мало е за таа каша...
Јас месо дадов на 6+ со консултација од педијатар. Глутен и тестенини 7+. И домат дадов накај 7ми мислам. За болоњезе е мало се согласувам. Ама за другото индивидуално е, кој родител како мисли нека го храни своето дете. @❤️Sneze❤️ Давај намирница по намирница. За почеток ,, поедноставните,, кои не се сметаат за алергени. Како јаболко, банана, компир, морков, тиква, батат. После ќе почнеш и со друго.
Бејби лав праска и јаболко,компот од сливи,маџун и банана Пржен спанаќ на путер со кромид,варено јајце и павлака Палента,абц намаз и к.млеко
Не таман работа да сфатам погрешно , јас оваа ја давав 2-3 пати 10-15 дена пред 6 месеца да наполни бебе инаку претежно се на овие зеленчукови сме со брокула , спанаќ и компирче и така некои по лесни на HIPP кашичките , сега веќе домашни му правам и некои инспирации од тука и некои што си ги знам од што имам правено малку за другите и две дечиња , овошни јаде бебе само такви кои имаат банана бидејќи без банана овошна каша не ми сака .
Батат грашок тиквица путер лажица Абц Мн вкусно дури и јас си мцнав П.с смеам ли да мешам жолчка со млечно? На 8м Инаку за домат дадов на 5+ варен, немало проблеми никакви моево од доматче, а и педијатар ми дозволи Тестенини, месо и жолчка воведов на 7 и пол
Спелта, дуња и јаболка Телешко, компир, батат, домат, грашок, чушка и маслиново Јогурт, овесни, манго, банана и кајсија
Супа на подравка во неа ставив малку пилешко и лебче од пченка. Снеже, не знам колкаво ти е бебенцето по тука според коментарите е мало, имаш апликација на плеј стор која што се вика "бебе готвач" пробај да ја симнеш и ќе видиш колку идеи ќе ти даде и ќе ти помогне односно упати која намирница од кога и рецепти со разно разни намирници. Имаш табела од 6 плус до 12 плус. Обично во шести месец кога се почнува со исхрана се дава најпрвин јаболко морков крушка компир батат Ќе видип на апликацијава можеш да најдеш која намирница е соодветна за возраста Таму исхраната е пред се здрава и многу вкусна Многу од овде сме се воделе за помош и идеа од неа. И јас сум за НЕ за бисквити џиџи бебе пред се ради шеќерот. Имав еднаш изедено 5 и се шеќердисав ми се чини. Се надевам дека ти помогнав и дека не си се навредила
Тамам работа да се навредам , напротив , ти благодарам на тебе и на сите тука ќе си ја симнам апликацијата За првите две не правев никогаш каши бидејќи не сакаа никакви (купени на hipp ) потоа пробав за почеток печено или варено јаболко и не сакаа па си цицаа и супер напредуваа потоа пробав со сецкано јадење или дробени супи па јадеа така , а никогаш каша , па затоа со малово почнавме со купечки на hipp тие што е препорачани од 4 месеци , бебе има 6 месеци и 4 дена бисквитки не давав често ама во некоја овошна каша ставав по 2-3 секако не од 4 месеци туку сега скоро пред 6 месеци да направи , советите ми беа добредојдени
Davas veke sol. Znam deka mojve se slicna vozrast so tvoeto.. I jas kaj da e sakam da pocnam, bidejki si pokazuvaat veke deka sakaat hrana so vkus. Drugite feminki, koga pocnavte so sol?
Може и знаеш, но иако на некои пишува дека се препорачани од 4,5м, истите се покасно поради некои намирници во нив...
Веќе не давам купечка каша освен некогаш ако не сум дома , но и тогаш ќе внимавам , сега за сега си купив намирници кои ги немам и дома да си подготвувам за бебчо Сега си јадеше банана , половина зимска круша и половина шумско јаболко . Слика нема оти телефонот беше кај синко а бебе беше гладно и се изеде