Од вчера Доручек Гриз, банана, цреши, рибизли, оревчиња, мед. Лапни голтни правеше. Ручек - мисиркино, морковче, целер, компир, карфиол, кромитче и фиде
Палачинки со топено црно чоколадо ,плазма и прелив од малини Пастрмка,компир,модар домат,лук,лимон и морков Денес доручек, таљатели варени со шери доматчиња,рендана моцарела Денес ручече-чорба со ориз и спанаќ
И мојот исто нешто пред година беше. Почна да не сака ништо од каши и кога гледам почна да бара парчиња сам.. се сеќавам дека почнавме со кифлички така
12+ Ужина: Овошна салата: Ананас, јаболко, кива и портокал со маџун горе. Ручек: Мусака (мелено телешко, компир, домат, црвена пиперка малку, црвен кромид, морков, маслиново, сол, босилек горе малку).
12+ Доручек: макарони со козји млечен намаз. Ручек: Спанаќ, ориз, црвен кромид, сол, јајце, маслиново. Малку и биберче за шмек ставив... (по пола јајце со бато, ова на бато тањирчето е, истото кркаше и она).
И јас со тоа се бунам стално правам повеќе количински па колку јаде толку. (Овде има половина риба, некако ми беа големи за цела ) Ова го изеде скоро цело остави две мали парченца од рибата. Инаку мојата сама кажува кога не сака повеќе. Вика не, бара вода и ја врти главата и нема шанса да и ставам повеќе. Не ја форсирам, доколку ептен малку(пр.неколку парченца само) ми изеде ја оставам и по половина час нудам нешто друго.
Немој да одложуваш. И јас така одложував. За појадок и вечера оддамна не јаде каши. Само ручекот го јадеше блендиран ама еве скоро недела дена си јади и ручек не блендиран. За гладни нема да се гладни. Некогаш повеќе, некогаш помалку ќе си јади. На почеток ќе се нервирав не знаев дали е најадена или не, само нудев ама после престанав си викам и тие како нас , има денови в уста ништо не ти се става. Нуди и ужинка измеѓу па ќе видиш како ќе реагира. Мојата штом огладни вика ам ам
Немој да се плашиш нема да остане гладна. Пробај види. Ако сметаш дека малку изела по некое време понуди и пр банана или нешто др. Да видиш како ќе реагира. И млеко пред спиење (нз дали уште цица или на ад сте) јас кај 18.30-19 и давам вечера, па кај 21 млекото. Станува некогаш преку ноќ ама никогаш не и давам млеко. Од 9 месеци и го скратив млекото преку ноќта.