Го убедив да пие смути, па пиеме неколку дена Кива, малку банана, аронија, јаболко + маџун. Јајце со домат + за бато со маслинки, сиренце, краставица, леб без глутен. Женската без леб јадеше. Бато мекото, мама корките
Мојава исто, јаде неблендирано веќе 2 месеци, само пасирано. И сака покрупни парчиња да има, ако и е многу ситно не јаде, го плука. Додека сфатив зошто ми плука ми побеле косава
И ние јадеме во парченца, особено ручекот го сака таков! Денес грашок со морков и пченка, си ловеше зрно по зрно и јадеше сама. Дури се буни ако пробам јас да и дадам. Ама многу споро и оди, а јас научена за 5 минути да ја хранам. Ќе морам да сум потрпелива! Е доручекот уште го јаде блендиран Залажувам со песнички од тел. - малини, овес, аронија, рибизла, цреши, вишни и маџун
Ма и јас сум иста. Мислам за секунда ќе џвакне. Кај со еден заб брзо се џвака. Мене доручекот некогаш ми го прифаќа блендиран некогаш не. Денес не сакаше. Па јадеше путер ,сирење и сос од домат со лебче.
Им треба време за да го усовршат џвакањето, па ем бавно им оди ем малце и ризочно е да не се задават. И помала колочина јаде во парченца, па се си мислам дали е најадена?!?! @duffi Мојата со осум заби во уста таман е за залчиња мали. Дури смешна е, едвај 11 месеци а пуна уста заби!
Леле и јас сакам за 5минути да ја нахранам, ама не може. Она си јаде неблендирано одамна, ама ептен споро оти нема ниедно запче уште.
И мојот сам се одби од каши пред год да прави И јас се прашував што му е Но нормално и подобро е така. Точно тешко и мачно е 3 4 пати да седам по пола час 40 мин на маса и мојот преживува на тенане ама тоа е се навикнав.. Еве го нашето ручече кое го јаде со сласт. Гулаш.. Не блендирам не сецкам ништо така срка и џвака Ова е целосниот ручек иначе Кифличките сам си ги јаде и си ги мака во к млеко