Го сецкам и јас,ики со мелено исто како тебе. Го исецкав после сликање @vitamina Запржувам,кук,кромид,морков,тиквица,модар патчиџан,пиперка..се што имам дома,после подвареното месо на коцки,па исецкан домат,крчка и додавам малку од водата во која се вареше месото. Денешен ручек Риба кога јаде со голем страв ранам. Иначе се раниме или во купатило или на влезна врата.
Просо, грозје нектарина. Не му се свиѓаше па блендирав одново нектарина, јаболко и манго ама не успеав да сликнам
Денес на мени: Доручек: киноа, авокадо, банана и мало парче диња (за прв пат, за вкус да му даде, ептен беше блуткаво). Бебе 7+. Ручек: мисиркино месо, ориз, морков, келераба и лук.
Доручек мешани житарки, слива, нектарина и малку кокосово. Житарките претходно потопени во водата во која ги варев сливите. Беба ептен задоволна, немаше борби.