За малата: кива, банана и мед. За бато: смути од аронија, малку цвекло, смрзната слива, јаболко, банана, мед. Шпагети со доматен сос (внатре кромид, морков и босилек), со козјо сиренце малку. Палачинки со спанаќ и интегрално брашно, намаз абц, не сликнав + к.млеко некоја лажичка лапнаа.
Домашен е, како доматна салца е до душа (само домат чисто), не многу преработено, па јас пропржив кромид, додадов морков и си го крчкав за да стане како доматен сос. Фала
@mariz мерак ми е да ти ги гледам сликите Камо и јас да можев вака да готвам И не е само да е лично, туку и здрави и разновидни ти се оброците секогаш. Алал да ти е
Се трудам, фала Синко е забушант но ептен ме радува што почна да пие смути.. па скоро секој ден му правам, малава јаде скоро се, не одбива ништо.. како ги кркаше палачинкиве, прсти лижеше (што би рекла свекрва ми, бутај додека се мали, после како растат ке почнаат да зезаат и прибираат). Со синко стварно станува така... а и он кркач како помал беше.
Уф од око се правени Едно јајце, спанаќ, јогурт, интегрално брашно, малку сол, се во блендер, ако е ретко додаваш некоја лажица брашно и пак блендираш, треба да е течно како за нормални палачинки. Спанаќот свеж. Заборавив и лажица маслиново во смесата, а на тавата не ставив ич.
И јас го користам ова,имаат и како во тегли,а и кечапот им го имам пробано,сите производи им се добри како домашни се
За дунде нели? Ќе купам и јас. Кога не си направив ако ми е. И во дм гледав, да не си земала и од таму?
Јас сум купила од истата фирма, ама кечап. Вака по состав ми личи ок, ама уште не сум го употребила. Туку имам купено ваков намаз. Има некој давано на дете. Составот ми личи ок. Сакам за промена наместо млечни намази или путер да давам за доручек.
Имам земано и од дм. Убав е. Исплатлив исто. 80тина денари големо шише. Овие имаат и кечап. Тој од сликата на @Ano. И тој е убав.
Од органските "паштети" сте зимале? Вака составот им е океј... ама дали може да се дава на маливе? Дома имам пикантна, јас и мм си ја јадеме, не се лоши.
Ние сме земале од тие на green food ,убави се и од хумусот купуваме на истата фирма ,бидејќи мојава сака намази па кога немам домашни купувам најчесто од овие