Јас ставив во чашката за нутрибулет, 1 филџан пченкарно б., пола филџан бело,1 јајце,малку х.сол, урда, 4 гол .лажици к.млеко, малку к.вода,1 гол.лаж пециво, 2 гол лажици семиња @123baby апаратче за крофни, пишува Fagor марка
Јаде не блендирано баткото. Браво Јас мака мачам. Нема шанси ако е нешто што не е лапни голтни. Форсирам сега со мелено месо ама после 5 лажиче се уморува и држи во уста, па пак оди на блендер. Ни мафини, ни палачинки ни ништо не проаѓа.
Точно саат ја јадеше Ама ,сам нема шанси. Јаде неблендирано,ама да му даваш. Едно време бисквити почна сам. Сега ништо. Баш ме нервира !
@eli25 Пиши и друг рецепт за крофнички ако имаш. И јас го имам апаратчето ама до сега само за нас правевме во него.
Ако го чуваш упатството мислам да имаше во него. Ако најдам ќе пишам. Порано многу го користев и благи крофнички си правев
Дечково мој не џвака. Собира во уста и почнува со нагони за повраќање зошто не знае да плука. А за бисквити, смоки, леб нема гајле. Ама оброк
Го најдов. Има повеќе рецепти што може да се искористат. Фала за идејата, мене не ми текна на нив. Ние сега од благите си јадеме и еве го стрвново мое одма ам, ам...
Шарска мечка, додуша си има и потекло од таму, тетовско јаболко. Овесни палачинки со путер од кикирики и џем од капинки. Пола ја изеде со сила и тоа маскирано.
Моиве две мртви гладни да ги оставам џем нема да каснат... Ај синко не го сака, реков ок... ама порасна малата и таа не го сака, кај се метнаа на татко им, јас обожавам мармалади и џемови
Дај му ја теглата џем со лажица, ќе ја нема, се тешам дека со кафеав шеќер е праено и не е многу слатко, па не замерам многу. Мојов па путеров од кикирики не го сака. Бутам на сила што би се рекло.
Ужина: Бисквит колач со јаболка и цимет (се удавивме од јадење) Рецепт: само бисквити и врел фил од јаболка и одозгора може цимет и мелени ореви
Неможев а да не ги пробам Сарајлиите на Мариз, стварно се меки како душа. Синко се изнајаде Појадок: Сарајлии и к.млеко Ручек: Динстано говедско месо со морков. Него, што да правам. Синко јади строго готвено, несака повеќе за доручек пример: Овошна каша, снегулки, гриз,палента.... Има некоја мајка со иста мака? Евентуално овошје јади како ужина и тоа е. Повеќе немам ум што да готвам
А ти јадеш овошна каша за појадок? Јас не и едвај чекам бебе да пројаде асален оброк! Се знае овошје е за десерт, ужинка. Мачкај лепчиња со намази, тост, потпечени лепчиња, кришки, пржено јајце на путер, палачинки, мафини, печена палента со кашкавал, уз тоа јогурт.. Гриз освен за кнедли во супа немора ни да јаде И месото го јаде неблендано Браво за баткото
И мојава одамна не јаде тоа... палентата ја печам, така е преубава и ја крка. Полесно ми е вака, веќе двајцата кркаат исто. Ужинка давам овошје, а снегулките ги правам бомбици (како десерт), а ретко и со јогурт да и ги дадам, не е нешто воодушевена од нив, па ми остава секогаш од јадењето. Еве нешто ке набројам што јадеме сабајле: Мафини (или проја или обични со бело брашно само), тост, варено јајце со лебче со путер, домат, сиренце, таратор, намаз некој (не се ова, зависи менувам), тестенини, пржено јајце или пржени кришки, солени крофни, палачинки солени со што сакаш, пита и кисело млеко... тоа моментално ми текнува Ужинка разно овошје сецкано или цело јаболче, цела круша, кива итн. Или овошен јогурт (јогурт блендиран со овошје + мед), може чудно звучи ама баш како овошен јогурт, пудинг е. Еве пита со готови кори (пола е со праз, пола е со сиренце и урда измешано, малку урда имав па ставив сиренце малку). Со к.млекце се кркаше.
Па и сето ова го јади на сабалје. Емка да, јади се како голем да речам, одамна. Заби има чоекот џвака
Епа немаш мака тогаш Мојава само со 4 кецови е, јаде неблендирано... како, не ми е јасно Ама очи 4 отворени, додека јаде само ја посматрам