Ја ставаш во ладна вода и ја вариш, ја тргаш ставаш кашкавал или сирење, малку путер или маслиново. Ако сакаш како стапчиња ке ја правиш погусто, чекаш да се олади малку и обликуваш (нешто како подебели компирчиња големина), а ако не ептен малку потечно ставаш во тава и печеш Ваљда ок објаснив...
Еве како изгледаат на Монако, вака нешто. Крцкави, а внатре меки, мн вкусни. @Poppins Мене полесно, побрзо и почисто ми е да ја бапнам да се испече Кога имам повеќе време ја правам и вака како компири или со калапи правам форми.
Мојава не е воодушевена од овошје и ако нема доручек (за кој едвај фативме ред) нема ни да го јаде. Затоа ќе си терам вака. Башка и доручекот и вечерата ќе ми станат исти/слични, па кој ќе мисли и тоа
Мафини со бело брашно и палента, убаво сочно. Рецептата е за проја и е преубава, но јас пола доза правев и направив мафини. Кроасани (празни), може и со благо и со солено да се јадат.
Тие ми се од тука И пројава со палента е преубава, поубава немам јадено, не е сува ич, сочна, мњам. Вчера кај пријателка ја пробав и одма рецепт земав. Ке го споделам и тој рецепт после, вреди да се има
Домче сум не работам... Среќа си се дружат си се заиграуваат (малава како братче му е ), па јас во кујна често и сама завршувам работа. Ама некогаш се околу мене, но и така се снаоѓам... Ајде на крушка, јаболко, портокал, кива и банана! (кркаме со синко, малото спие)
Ги матиш прво јајцата со миксер, па ставаш течни состојки матиш, ставаш суви матиш, ставаш дробено сирење и мешаш со лажица. Мачкаш тава со масло, ставаш брашно и ја вртиш тавата да се набрашни убаво цела, ја истураш смесата и горе ставаш сусам. Печеш на загреана рерна на 180° Во големина на тави не се разбирам баш, јас се во округла 30ка печам (пишува под неа дека е 30ка)
Искрено овие хартиениве се големки, испаднаа 4 големи мафини (експериментирав со пола доза). Амаааа... се залепија, успешни беа и вкусни, ама кората внатре скроз остана, излезе цел мафин.. ама без кора. Ке пробам друг ден во силиконските калапи, ако не бива и таму, само во тава. Мислам поради палентата секаде ке лепат...