До тоа е. Јас секогаш печам во хартија. Првите секогаш ми се такви, без корка. Тие оладените немаат гајле
Со пченкарно мака немаат, ми излегуваат одма и жешки... и јас секогаш во хартија печев, а скоро и во силикон почнав (дека си земав единечни калапи).
@mariz да знаеш колку скриншотс имам во телефон, сите со твои рецепти Сирењаците уште не ги направив, мислам единствена сум од форумов што не ги проба , ама пројава во најскоро време ќе ја направам. Бебка обожава такви работи
За дете мајкино, немирно, повреденко, вкусен и забавен доручек. Камион од банана бред намачкан со путер од кикирики и џем од капини, се изеде, дури и портокалите, само корките останаа.
Ќе беше по рецепт од @mariz ама сум снемала јајца,па по рецепт од @manako1 палента,путер,зденка и сусам. +к.млеко. Малата не ме остави да ги направам во форма на смоки па завршија во калап за мафини.
Вчера : лиснато и јогурт За ручек бевме кај бабаму Денес: потпечени макарони Ја направив палентата по ваш рецепт/ потпечена. Мн мн повркусна, се отепав маткање да напрам некоја форма (шо и не ми требаше) можев така да испечам и само да сечам на коцки...
Така само горе има коричка и поразлично е на вкус, вака како кебапи форма е поубаво, крцкаво околу а внатре меко На здравје
Смути со ананас, банана, цеден портокал, смрзнати сливи, аронија и маџун. Затворени пици со бело и малку интегрално брашно (дека снемав бело), внатре доматен сос + босилек, кашкавал и сиренце, маслинки, горе сусам и ким. Јадење без здив