Јас немам за во рерна... Се такво благичко правам на апаратот за крофни, дека ми е со 3 разни плочи (за мафини, топчиња и крофни).
Од разни денови... Како ужина или десерт: Посен колач со домашен џем од сливи. Доручек: Намаз од сончоглед (+лимон, лук, сол, босилек, куркума, маслиново) и варено јајце. Вечера: Палачинки со интегрално и бело брашно со домашна "нутела" од Бебе готвач + лажичка ставив кокосово, таму во рецептот нема. Деца пресреќни, кремот е одличен и препорачувам да го пробате
Децава го бендисаа, ама поубаво не ни пробале (Синко има пробано вистинска Нутела, ама сега нема јадено една година може). Мм не беше воодушевен, ич не му се свиѓаше, а мене така така, јас не прибирам, јадам се Во апликацијата Бебе готвач во 12+ го има. Две банани, лажица мед, две лажици путер од кикирики, две какао, една лажичка семе од коприва и јас по мое плус додадов лажичка кокосово масло, се во блендер. Не може да стои за др ден, поради бананите.. одма мора да се јаде.. Леле боже од кога ти пишав видов дека за намазот прашуваш. Одма доаѓа и за него сега рецепт
@mal.ecka 200гр лупен сончоглед 3/4 од шоља вода (шољата од 200мл). Сок од еден лимон 3-4 чеш лук (јас едно ставив) 1 голема л сенф (ова не ставив поради малата, нз од кога смее)... 1м.л. сол Лажичка маслиново Зачини по желба: можеш и кари, а и куркума (јас ова ставив), бибер, босилек. Се кисне 5-6ч сончогледот, се цеди и се заедно се блендира, ако е густо додаваш водичка.
По благово не сумНутела ми е одвратна. А обожавам се што е солено+лукче,нели не ќе правам само за бебеи мама да проба. Фала ти...
Ептен ке ти се свиѓа тогаш Еве ти уште два рецепта... И хумус си правам, ама тоа од око и секогаш различни раб ставам.
Тоа домаќински од око Тесто како за леб, мекици, само брашно, вода, квасец, малку масло, сол, малку шеќер, без јајце е. Се замесив, стаса 30мин, направив пици и уште некои 20мин оставив да стасаат, па печев.
Ке крка и Алек, имаат и моиве периоди.. овој период како дупнати се Само нека биде добро, ке крка што му душа сака Тиквичките како ги правиш? Убаво крцкаво изгледаат
Јас прв пат леќа од другата и дадов на 7 месеци, сега е 8 и пол месеци и ова и е прв пат да јаде црвена леќа.