Ако е на снајка ова, исти по јеловникот се. Сирова брокула ни е хит. Јагоди ги чекаме да ни пораснат во двор, ние јадеме исклучиво од двор, ама си ги тамани ко неарен.
Печени лебчиња со јајце, кајмак, малку рендано сиренце и малку јогурт + босилек и таратор (јогурт и свежа краставица).
Матено јајце (во мојов случај две), јогурт од око (да речам некои 5 големи лажици ставив), лажица кајмак и малку сирење рендано на ситно ренде и босилек, се измешано и потопуваш леб како за пржени кришки, ама ги редиш на хартија за печење, горе и сусам ставам ама сега немав. Печев на 180, време незнам... Превкусни се, а без грам масло
Мари ти си експерт душо за рецепти.ако не ти е тешко кога ќе можеш да ми пишеш на месинџер рецепти за малово имаме проб со хранава демек ќе пројаде од тебе
Давате купени фиш фингери замрзнати на децата? И готово пире е тоа? @vitamina ? И погоре уште некој како да приметив. И вие другите мајки давате? Мене ми е страв.
Моиве немаат пробано купечко пире и такви што се пржат/печат незнам како се прават фиш фингери. Пире од варен компир со млеко или без млеко кога како, пилешко ретко на скара ичи печена кокошка. @vitamina дали имам среќа или убаво готвам, ама децава како дупнати ми јадат Особено синко, неможам да го најадам, увек гладен е