И мојава е у клубот на супер јадачи @vitamina 22м+ е има денови кога јаде супер ама останатите ми иде да се мавнам од ѕид , на око ако не и е убаво не го ни погледнува , ако го нема ни пробано , или па и омилено да и било не дава ни до уста да и доближам , ама затоа на млеко и бискоти би живеела , никогап не одбила или Лино крунч @mariz супер мама , супер им спремаш , кој би одбил и ја си фантазирав дека така ќе правам кога ќе почне со оброци ама реализација минимална Периоди се ќе поминат ќе пројадат сите , битно барем нешто да внесуваат , реално не би дала и јас замрзнати панирани производи , ама ако детето не јаде ништо др па и аргета ќе и купам ако сака да јаде од неа , немајка ќе ме направат , ама нема да и биде ништо , поарно нека каснува малку тој период ќе мине , па сама ќе си ваде јадење после од фрижидер што сака . За една мајка е мн тешко кога дете не јаде .
Тука лежи проблемот и со мојот. Проблемот е што не сака воопшто да проба можеби да би пробал би јадел. Ама не сака бега се тегне и рика плаче како да го колам.
Доручекот - кајгана со урда, лепче и јогурт. До пола супер идеше. После тоа на буткање за да се дојаде
Го заборавам додатокот. А во право си ќе ни спаси многу полевање. Он вака пие, ама ако му дадам сам знае уште пред да ја доближи до уста да потури
И јас не давам фишфингери, такви месни преработки панирани. Ни дома панирано не давам. Што знам, не е здраво тоа, отпадоци од храна се ставаат во фишфингерите, мелена риба е тоа и напраена стапче. Исто и пире инстант не сум дала а наводно во градинка јаделе такво, на знам искрено. Јас имав проблем женава му пасираше на дете храна и не јадеше никако, ама воопшто не јадеше, вчера си доаѓам и гладен, му се јаде, а тањирот згмечен грашок стои си лепче надробено, седна со мене цел тањир мавна грашок и плус од моето, така негмечено. @vitamina немој погрешно да ме разбереш, навистина не ми е намера да те навредам, ама избегавај таква процесирана смрзната храна за дете, ич ништо нека не јаде, ама не давај од нив.
^^ можете и дома да направите фишфингер. Било која риба се чисти, се меша со раце со малку пире од компир, зачини, маслиново. Па се формираат стапчиња, топчиња, се валка во брашно, јајце, презла. Печеш на хартија во рерна и тоа е тоа
Леле јогуртов Матео го бара, го гледа на програмиве странски како реклама и ми бара а кај нас не сум видела. Дај такво Огутче и крај! Кај нас да има вака да носиме храна одма ќе се нафатам, многу ми се свиѓа ова.
Доброто е што сам спремаш, јаде тоа тоа што ќе му ставиш. Лошото е што секое детенце е со различно, може некое нема а сака, па гледа кај другите дечиња...на жалост се двојат од старт. Реално, далеку поефтино е појадокот во градинка, тука спремам појадок и 1-2 ужинки, од таму само ручекот е. И последното, најтешкото за мене, кога едно вришти на нокшир, друго се тегне со алиштата, трето сака низ врата да фати...мора за секое посебно да спремаш, пипава работа е и зема време, а време кнап е.
Ги има кај нас. Јас во Тинексот во Лиса ги купив пред неоке време. Само не ги има секогаш. Инаку и во другиве големи маркети ги имам видено.
Јас еднаш само ги најдов во Веро и толку, ама беа обични плеин, без вкусови, а мојот бара од аотка (јаготка)