Таљателите јас ги правев, плескавиците се од тиквичка, брокула, компир, кромид. @mariz ќе ти го кажам рецептот за тестото (исто е за сите видови паста фреска) а формата на тортељите и јас не сум баш способна, ги правеше комшиката. Јас си правам таљатели, шпагети и лазања. 1/2 кг. брашно, 2 јајца, 2 лажици маслиново масло, куркума за да добие убава жолта боја, прстофат сол, вода колку да се замесе тврдо тесто. Се прават мали топчиња (малку поголеми од тие за кифли што ги правиме) ги нагмечуваме со рацете и ги пуштаме низ машинката за паста, прво од најмалиот број и секое парче го поминуваме 2,3 пати додека не пукне како балонче, кога ќе завршиме со тој број ја подместуваме за 2 броја машинката и пак ги поминуваме и се така колку сакаш да биде тенка пастата. На крај правиш тоа што сакаш, има напред дел за таљатели, за шпагети или за во супа или ги оставаш такви парчиња за лазање. Ти треба простор, да се исуши убаво оти нели нема целата да се изеде на еден пат, мокра може да мувлоса. Не знам колку ме разбравте, изгледа комплицирано објаснато од мене ама не е ич.
Мало цвекло, пола морков, стракче млад кромид, парче тиквица, коцка домашен бујон и лажиче просо. Се' варено.
Хипп мусли,со цеден портокал ,мелени лешници и бадеми и киви Сега јаде варено јајце изгледа не се најал
Да во рецептот е така. Од цела доза излегуваат куп куп кифли, па затоа јас ја правам пола доза, ама не ставам толку сол, ставам една рамна за пола доза. Ги имам направено и како што е рецептот, не е пресолено, има чаша јогурт, чаша млеко, шекер и воопшто не е солено, најубави на цел свет се И ако ги правите, правете ги помали пред да стасаат, зашто растат мнооогу, дупло ако не и више од формата што ке ја направите.