Јас се извинувам доколку ненамерно те навредив. Јас искрено не ни видов кој ја започнал дискусијата со фишфингерите, ни па дека ти си постирала слика. Ни па е нешто против тебе. Најмалку тоа. Јас случајно го видов коментарот на Ангел мислам беше и споделив мое искуство. Не се ни сомневам дека таму храната е 100 пати подобра и јасно е декларирана органска, неорганска, селектирана и не знам каква.... Јас не ни видов за која членка се работи и за каде живее истата конкретно. Мое мислење за таа храна во Македонија е дека не е за деца. Ни за мачки. П. С и мојава е нејадач и слабо напредува. Почнав со дохрана на 5 м и многу мајки ме прават не мајка. Но мене никој не ми е во кожа и јас знам дека го правам најдоброто за моето дете. И затоа не ме боли кој што кажува. Ете и јас како не јадач жива бев со чоколино до 4 г а денес некоја мајка ако даде на дете очи ќе и извадат. И искрено не мораше така да се револтираш кога јас не те ни имав цитирано тебе. И форумот е место каде што секој може да го искажи своето јавно мислење. А јас како нутриционист сакав да го искажам моето мислење оти ќе те види некоја мајка од тука која можеби не е добро упатена и ситуирана како тебе и ќе даде вакво ѓубре на дете. За споредба кај нас коштаат околу 50 ден, па сама спореди дали се од риба овие ваму или отпадци. Доколку тие таму се од риба, а верувам се.... слободно давај ги и спиј мирно. Заборави на мене и мачките. И дури сега видов колку дискусии се кренале околу тоа. Затоа и сега се извинувам.
Како божем и за малава направив, ама дури три лажици лапна, другото синко мав. Јагоди, банана, мед, малку јогурт, аронија, овесни, горе бадеми. Сликиве од пред неколку денови се, кога сум успеала да сликнам... синко на диета и вртиме едно исто... Спанаќ и ориз со домашно лебче, но овој пат со путер спанаќот и 200 пати поубав, најубав до сега ми испадна, нз дали до путерот е И супа со брокула, целер и малку лист од целер, пашканат, фиде, сув зачин.
Како го правиш спанаќот? Мене ми е битно да е вкусен оти 5 пати заврши во канта сакам уште еднаш да пробам другчие..
Да се умешам, пробај место со ориз со киноа или просо. Со ориз не го сака моето, ориз уствари не сака, киноа сака повеќе. А искрено откако го пробав и мене ми е поубаво со киноа.
@mariz конечно го најдов и купив намазот од козјо сирење од Веро и дојдов само да кажам дека е превкусен И бебка го сака, а како што е терсене за млечни производи, топ На пример сирење јаде, кисело м. јаде, а јогурт и абц намаз не сака Овој козјиот го тамани, некако пооштар вкус има и дава убав шмек вака со спанаќ или во манџичка, се дави бебка А и јас го јадам, а штом го јадам значи стварно е убав Јас козјо сирење, млеко и општо се' што е козјо ми смрди и не можам да го јадам, ама намазов е топ. И мм го бендиса
И јас го јадам , не мириса. Ама синко како крка козјо млеко му се чудам. Апла мириса Фала @mariz и од мене
Го обарив малку, го исцедив и го исецкав, стопив путер во тава и пропржив млад кромид и го ставив спанаќот, ептен малку промешав колку да се спои со путерот, ставив сол, бибер малку и префрлив во тава, во тавата ориз од око, а и просо (има и просо на овој што го постирав, го заборавив просото), вода така од око колку да покрие и на печење. @Sexybaby86 малку посоленкаст за мој вкус е, ама убав е ептен Јас и на макарони им го ставам. @galapce јас го немам моментално.
Е фала за намазов и јас ќе пишев да го сликнете ,ние си кркаме козјо се,а ќерка ми посебно обожава козја сурутка,си ја пие како вода со татко и си делат едно шише
Моето пие б комплекс сигурно 10тина дена. Ефект нема. Јас сум ,, отровена,, со б комплекс , пивски квасец и чуда. Ефект уште нема. Само нека е жив и здрав, колку јаде толку.
Прашакот. Ехее да знаеш колку јас имам испиено. Беа тогаш мрвици во боја. Уште го помнам вкусот на млекото со нив. Кога отворив пакувањето за бебето веднаш ми се врати се.
Појадок: банана, круша и гриз. Ручек: манџа со телешко месо, грашок, морков, многу кромид и лук и од зачини хим. сол и оригано. Ова со запршка за татко му, не јади незапржена манџа па посебно за него