Доручек за малата: Јајце намачкано со козји намаз, свежа пиперка, домат и краставица, маслинки и лепче тестирано со путер. И секако прво маслинките се јадат Не сум видела деца толку да сакаат маслинки.. и прсти лиже после маслинките Инаку виљушката за украс... со раце јаде
Ручекот малце неуреден, ама излапка си го. И мојава е ептен мераклика на маслинки. Прво нив, па после сѐ друго јаде
И ваква тема имало Тестенини со спанаќ и лосос. Нормално со репете тестенини, само тоа би јадел... Телешко исклучиво со грашак, инаку категорично не. Понекогаш поминува и пасирано како паштета. Варен компир, брокула и ќофтенце. Ви се чини ли вас количината во ова тањирче доволно? Не е јадач мојов, ова скоро го изеде, дел остави. Ама кога измерив дека е само 150гр, се подзамислив дека ептен малку јаде.
Фала Немам време ич да сликам во последно време... ама и вртам работи што веќе сум ги ставила и да не се повторувам.. @Babushka а колкаво е детенцето? Мојава кркна се од горната слика (20м е), освен лебот... леб во последно време ич не јаде Дури и летна манџа без леб јаде
Макарони со сос од домати (домат, целер, малку кромид, босилек) и сиренце. И пак со раце кркање Мафини со малини
Аааа давај рецепка, мали малините не ми ги јаде, вака белки ќе пројдат, секој ден тате бере по едно канче и не ги јаде лудово.
Случајно излезе мафини од смесава пред некој ден и дека ми успеа си направив мој изменет рецепт Беше смеса за крофни за во апарат, но апаратот лепеше и се напнав и да не фрлам ја бапнав смесава во калапи и на печење Преубави меки мафини биднаа А денес со малини што правев, пола доза од таа за крофни е со мали измени. 2 јајца 7л шеќер 1 ванила шеќер 150мл јогурт 80мл масло 18л брашно (така полни) 1 пециво Матиш јајцата и шеќерот убаво да се стопи и после додаваш се друго, брашното и пецивото на крај ги ставам. Малините посебно кога беше смесата во калапи ги редев. И печев на 200 степени. Предходниот пат со црно исецкано чоколадо беа, преубави и така се. Абе нареден ден дури уште посочни се
Исто 20 месеци е и малиот. Машала твоево девојче, убаво си јаде, на здравје нека и е Ах, те разбирам... да се надеваме дека им е период. Се тешам дека е цврста храна, па помала грамажа од каша би требало да е ок. Што знам, кашите сепак се дел течност.
Браво ! Моето дете да јадеше вака ќе бев најсреќна на свет.Тој не јаде месо,јајца и зеленчук,само млеко и млечни производи,тестенини и овошје од се друго му се гади.А маслинка да му дадам може и да поврати